[Ossm-members] Re: Слободен софтвер во кочани

Vladimir Stefanov vladoboss at mt.net.mk
Tue Jun 22 21:22:31 UTC 2004


>
> Arangel Angov wrote:
>
>> Со оглед на тоа дека во сабота треба да се оди во Кочани најдобро би 
>> било да расчистиме некои работи.
>>
>> 1. Излезе дека има доста заинтересирани луѓе од Скопје. Јас имам кола 
>> и кај мене се пријавени Стојмир и Томе, значи има место за уште еден. 
>> Најдите уште една кола и ќе праиме Free Software караван.
>
>
>
> Полека полека, се збираме, јас сум за идење исто, чувај место кај тебе 
> во кола.
>
>> 2. Што би носеле од тука? Дали ќе одржиме некоја презентација од тие 
>> нашите за слободен софтвер и openoffice.org?
>
>
>
> Па зар нема некоја агенда од страна на кочанчаниве ? Ако нема агенда 
> ајде да се направи една под итно. Флаери исто да се направат!
>
>> 3. Што се ќе има во Кочани, проектор дали ќе има? Во колку саат е 
>> планирано да започне настанот?
>>
> Организаториве или слабо ја информираат листава, или слабо организираат.


Организаторите (тоа сум јас) веќе ја информираа листата за настаните, 
ама ај пак.
Значи Петок, емисија на ТВ Кочани во живо со прикажување на Revolution OS.
Сабота од 10-17 часот Презентација на Линукс (преку KDE на Македонски), 
OpenOffice, Gemter, Online речник. Ако има време, простор можности 
снимање ЦД-а, инсталација на компјутери.
Недела, снимање ЦД-а и инсталација (ако има интерес)
Проектор ќе има!

Пошто сево ова го правам сам, не ќе да е лошо некој да дојде уште во 
Петок, да ми помогне околу компјуерите, мрежата, проекторот. А може и да 
гостува со мене во емисијата, да ми држи грб

Милан Ѓорчевски ги направи флаерите (дизајнот), утре ќе ги носам кај 
типот у печатница, па ако спонзорира ок, ако не ќе платам од мој џеб. 
Можно е и плакати да направи еден дечко во Скопје, според флаерите.
И направете конечна листа да средам за спиење.
За сендвичи уште не сум средил, ама тоа е најмал проблем ќе најдам, ама 
затоа обезбедив хостеси што ќе служат кафе, сокче....

Значи ми требаат барем двајца да дојдат во Петок. Зоки донеси компјутерот.
Сугестии кажувајте додека е време.
Ееее, да не заборавите ЦД-ата што останаа од Linux flood!!!
Поздрав



More information about the Ossm-members mailing list