[Ossm-members] Re:Слободен софтвер во Кочани
Riste Pejov
richie at macedonia.homelinux.org
Wed Jun 23 06:23:11 UTC 2004
Milan Gjorchevski wrote:
>>Него, Владимир: Дали може да го видиме флаерот како screenshot? Го имаш
>>на компјутер?
>>
>>
>
>
>Повелете :) Не примам замерки :) Се зезам, се надевам дека е океј...
>При првото праќање на двете страни, незнаев дека може максимум 40 КВ да се
>пратат...па еве смалено, незнам колку се гледа...
>
Многу е црно. Не погребуваме никого. Ако си правел другпат вакво нешто,
ќе знаеше дека црната позадина е утка невидена. Прво и основно за
штампање, ако не оди на офсет тој што ќе го штампа ќе потроши 16 црни
кетриџи. Башка и не е баш прикладно за да иде на фотокопир (failsafe
варијанта). Што и да се правите потрудете се да биде на бела позадина за
во најлош случај да може ладно да се прати на копир и сепак да личи на
нешто. При бидејќи не знам каква е финансиската конструкција и дали
некој што има печатница и е спремен да удри на офсет ќе спонзорира,
повикувам да се оди на бел и минималистички флаер кој што ќе изгледа
супер и на копир. На копир за 100 денари можеш да напраиш околу 500
флаери, што не е за потценување.
Р.
More information about the Ossm-members
mailing list