[Ossm-members] Re: Сигурност

Новица Наков novica at bagra.org
Sat Nov 20 11:02:59 UTC 2004


Filip Risteski напиша: 

> Сепак за да се постигнат резултати, треба да се работи напорно, а не само
> да се дебатира на мејлинг листава.
>
> Доколку се решите на нешто вакво, ви стојам на располагање околу
> составување на весникот.


Бидејќи изјавите од ваков тип стануваат се почести, да ве потсетам што значи 
тоа заедница од FLOSS ентузијасти и волонтери: некој има идеја, вика ај ќе ја 
направам, почнува да работи, други луѓе на кои им се свиѓа идејата се 
приклучуваат, проектот расте... други луѓе на кои им се свиѓа идејата се 
приклучуваат, проектот расте... други луѓе на кои им се свиѓа идејата се 
приклучуваат, проектот расте... и така натаму... 

Слободен софтвер Македонија секако дава и ќе дава поддршка за се што има врска 
со слободниот софтвер (јес да во овој момент таа поддршка не може да биде 
изразена во пари, од проста причина што ОССМ нема пари), но Слободен софтвер 
Македонија не може да започне милијарда проекти. 

Препорачана литература: /usr/share/doc/Linux-HOWTOs/User-Group-HOWTO
(прилагоди ја патеката на твојата дистрибуција).


-- 
Новица

Who so would be a man must be a nonconformist.



More information about the Ossm-members mailing list