[Ossm-members] Re: MK Linux Portal

Зоран Димовски decata at mt.net.mk
Mon Nov 22 13:12:07 UTC 2004


Новица Наков wrote:

>Зоран Димовски напиша: 
>
>  
>
>>Е сега ако некој не може тоа да го заврше, дај да ја баталеме работата.
>>Што ќе ни е портал. Еве добар е каков што е. Има неколку вести и толку.
>>    
>>
>
>Коментаров не ти е на место од проста причина што и јас можам да речам дека те 
>чекам ИКС време да ги направиш Mandrake Linux преводите, па да ти мрчам, кај 
>си, што си и да немам намера да ти помогнам.
>  
>
Баш ме интересира колку време ме чекаш за преводите на Mandrake (објасни).
Инаку ако не знаеш, Данко дури во септември ми прати се што треба да 
знам за да почнам со преводите на Mandrake и со кого треба да 
контактирам околу преводите. Во септември имаше (чисто информативно) 29% 
завршено од преводите на Mandrake (тогаш јас почнав да преведувам). Сега 
ако си ја посетил страната наменета за статусот на македонскиот превод 
за Mandrake (http://www.mandrakelinux.com/l10n/mk.php3) ќе забелешеш 
дека е преведен 82% (од претходното нема разлика нели?). Но, искрено да 
ти кажам ме изреволтира со ова „па да ти мрчам“ и не знам каква порака 
сакаш да ми пренесеш со ова, Плус, интересно е и ова „кај си, што си и 
да немам намера да ти помогнам“ - помош не е побарано од моја страна за 
преводите на Mandrake, но од друга страна, помош е побарана да се 
тестираат преводите.

>>- Mandrake Linux преводи
>>    
>>
>
>А ако преведуваш во „жаргонот“ во кој ти беше напишана оваа порака, подобро и 
>не преведувај. :)
>  
>
Ајде кажи ми кој е тој жаргон. Да ти кажам дека оваа порака ти е доста 
навредлива (само да напоменам дека ИКСССС пати на листа употребуваш 
непристојни изрази. На мене не ми смета, ама немаш право на мене да ми 
кажуваш за жаргон). Инаку околку преводите, имало и отсекогаш ќе има 
грешки, само што нема кој да тестира па морам се сам да извршувам. BTW 
само да не споменам колку „жаргонски“ грешки имаше во твоите преводи на 
KDE па требаше не знам колку време да ти се средат (тоа Боби најдобро го 
знае - алал да му е на човекот ги среди).
Затоа пак ќе кажам, НЕМАШ право да ми судиш!!! И немав намера да пишувам 
вакви работи, ама веќе кога ТИ спомна, па зошто да не.
Само да напоменам дека оваа порака е инспирирана од страна на ТЕБЕ, и не 
е баш фино да критикуваш кога не знаеш како се одвиваат некои работи. 
Затоа, прво прашај а потоа критикувај.

Поздрав.
Зоки



More information about the Ossm-members mailing list