[Ossm-members] Re: MK Linux Portal
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Mon Nov 22 13:22:40 UTC 2004
Зоран Димовски wrote:
> Ајде кажи ми кој е тој жаргон. Да ти кажам дека оваа порака ти е доста
> навредлива (само да напоменам дека ИКСССС пати на листа употребуваш
> непристојни изрази. На мене не ми смета, ама немаш право на мене да ми
> кажуваш за жаргон). Инаку околку преводите, имало и отсекогаш ќе има
> грешки, само што нема кој да тестира па морам се сам да извршувам. BTW
> само да не споменам колку „жаргонски“ грешки имаше во твоите преводи
> на KDE па требаше не знам колку време да ти се средат (тоа Боби
> најдобро го знае - алал да му е на човекот ги среди).
> Затоа пак ќе кажам, НЕМАШ право да ми судиш!!! И немав намера да
> пишувам вакви работи, ама веќе кога ТИ спомна, па зошто да не.
> Само да напоменам дека оваа порака е инспирирана од страна на ТЕБЕ, и
> не е баш фино да критикуваш кога не знаеш како се одвиваат некои
> работи. Затоа, прво прашај а потоа критикувај.
Зоки, батали бе, ги знаеш какви се луѓево. Ако нема превод, ќе серат
никој ништо не прави, ако има, зошто не е завршен, зошто не чини и сл.
Такви коментари ни најмалку не вредат внимание. Никој со сила не нè тера
да работиме, никој не ни плаќа и никого не присилуваме да работи или да
го користи тоа. Нема простор за навреди, ако сака некој да помогне сам
ќе се вклучи, џабе повик - ова го научив низ моето скромно искуство во
нашава заедница.
Томе
More information about the Ossm-members
mailing list