[Ossm-members] Re: MK Linux Portal

Новица Наков novica at bagra.org
Mon Nov 22 17:43:02 UTC 2004


Зоран Димовски напиша: 

> Баш ме интересира колку време ме чекаш за преводите на Mandrake (објасни).

Не чекам на преводите на Mandrake. Очигледно не ја разбра мојата порака. Мојот 
коментар за твојот превод на Mandrake е ист со твојот коментар на пораката на 
Уфо во која што тој објаснува зошто е заглавена работата со linux.net.mk. 
Значи (повторувам и подобјаснувам) во таа смисла јас можев да ти речам: „Еј 
Зоки, зошто ти е преводот 82%, а не е 100%, ќе го правиш или не, или што 
било“. Ваквиот мој коментар логично нема да биде продуктивен (дури може да 
биде контра-продуктивен, а во случај да не го разбереш, како што не ја разбра 
мојата претходна порака -- и ќе се налутиш). Затоа твојот коментар кон Уфо не 
беше на место.

> Ајде кажи ми кој е тој жаргон. 

Цитирано од твојата порака, обрати внимание на зборовите меѓу две ѕвездички:
> А знам дека имаше доста време да се *среде*.
> Е сега ако некој не може тоа да го *заврше*, дај да ја *баталеме* работата.

Муабетот нема врска со непристојни зборови, а за преводите на KDE можеме на 
mkde листата да правиме муабет. 

Се на се, жал ми е што се испровоцира од мојата порака, но сега барем од прва 
рака можеш да увидиш како се чувствуваат другите луѓе кои работат нешто 
друго, а за кое ти сакашe да судиш.

Биди добар и продолжи со добрата работа. (И гледај каде има смајлија во 
пораките.)


-- 
Новица

Who so would be a man must be a nonconformist.



More information about the Ossm-members mailing list