[Ossm-members] Сигурност

Viktor Vojnovski sparks at on.net.mk
Mon Nov 22 13:45:15 UTC 2004


Filip Risteski se proiznese na 19.11.2004 20:11:

>> Linux има многу подобра сигуруносна архитектура од windows-от, а да
>> не >збориме што и понатаму се подобрува (SE linux, CPRM и сл.) ...
>> меѓутоа >луѓето генерално не го рабираат прашањето на сигурност, и
>> да му кажеш на некого „инсталирај Linux и не мора да размислуваш за
>> сигурност“ е мнооогу лошо, затоа што после тоа пак ќе ги игнорира
>> сите security issues.

Што и фали на сигурносната архитектура на windows-от? Што се мене тиче 
Windows 2000 е феноменален во тој поглед.

  >> Неподдршката на игри, пак, се должи на недоволната распространетост
>> на >Линукс како десктоп оперативен систем. Q3, UT2004 го кршат
>> мразот. Работите можат да одат само на подобро во иднина.

За домашна употреба Windows ќе биде супериорен во следниве 10 години 
најмалку. Користам линукс како примарен систем скоро десетина години, и 
недостатокот на апликации е непремостива пречка. Ма какви игри, ОпенОфис 
(Офис пакетот е најбитната апликација на еден десктоп систем) е срање ту 
бигин вит. На секое второ користење наоѓам по некој баг. Сега сигурно ќе 
се појави некој што ќе каже дека сум требал да направам bugzilla внес и 
багот ќе бил исправен. Хмм, тоа е се во ред, само што не е моја работа, 
ниту пак на кутриот 50годишник кој што смогнал сили да инсталира линукс 
на античката машина на работа со помош од комшијата кој се разбира од 
компјутери..

> Кога се спомнува Линукс меѓу луѓето, кои што користат компјутери и
> имаат некакви познавања за софтвер и хардвер, секогаш се вели дека
> Линуксот е за хакери, и колку такви приказни за мали деца сум
> изнаслушал. Ме праша еднаш еден како е да имаш Линукс? Командите се
> задаваат како ДОС? Што е тоа Линукс знаеме само ние и мал број на
> луѓе околу нас.

И е за хакери. Познавам еден куп луѓе кои студираат или дипломирале 
Информатика (било ПМФ или КТИА) кои се откажале од користење на линукс 
после првата пречка, која во најголем број случаи вклучува едитирање на 
некој текст конфигурационен фајл, или пак симнување и компајлирање на 
некоја библиотека. Чим ваков калибар на корисници не е спремен да се 
соочи со комплексноста која линукс ја инкорпорира, што би очекувале од 
просечната тетка Таска, која само сака да испечати покана за роденден на 
ќерка и, само за да сфати дека и фали некое чудо што се вика CUPS. Ако 
не се лажам и еден од пропонентите на линукс овде сеуште не може да си 
ги среди драјверите за модемот. Сеа ти види...

> Од друга страна компјутерските списанија се катастрофално лоши, и не
> можеме да се надеваме на презентација на Линукс во нив како
> алтернатива за Виндоус. Не знам како стои финансиски оваа
> организација, но зошто да не се направи некое квалитетно списание,
> чија главна тема ќе биде Слободен Софтвер, со многу објаснувања за
> Линукс, каде може да се најде, па нешто за нашата организација итн.?
> Подобар начин за едукација и промоција не може да биде.

Ова ми се свиѓа.. Убава идеја би била компилација на текстовите што 
излегуваат на (beta.)linux.net.mk со мало DTP-ирање во четиво за печатење.

-- 
Viktor [sparks et on tochka net tochka mk]

"Daj bidi originalen:)" - Oli



More information about the Ossm-members mailing list