[Ossm-members] Re: Проблеми во Mandrake 10.1 (оф)

Darko Nikolovski darkon at npk.com.mk
Tue Nov 23 07:47:15 UTC 2004


Arangel Angov wrote:

> KNaum wrote:
>
>> Абе незнам што да ви речам.Наместо да си помогнуваме еден на друг со 
>> цел ширење на слободниот софтвер вие по два месеци водите бесцелни 
>> дискусии за преводите (како бил правилен прводот за овај,онај збор) и 
>> на крај ништо не излегува. Ама то е...
>
>
>
> Дискусија за преводот не е ни најмалку бесцелна дискусија. Бесцелен 
> беше твојот реплај а со тоа и мојот сега.


    Што се однесува на бесцелноста на дискусиите за преводите на 
конкрентни зборови, тотално не си во право. Секоја таква дискусија има 
своја цел и тежина, и на крај и резултат. Ако сакаш да ја мериш 
продуктивноста на тие дискусии тогаш сигурно твојот проблем со модемот 
има многу помал приоритет отколку стандардизирање на превод на одредени 
англиски термини, на крај краева тоа е превод кој ќе го користат многу 
повеќе луѓе отколку што ќе го користат решението на чудниот проблем со 
модемот кој што ти го имаш.

Од друга страна, за проблемот со модемот кој веќе тплку многу го 
потенцираш ко да е прашање на живот и на смрт, си се запрашал ли ти 
самиот себе, дека можеби е можно никој друг на листава не осетил проблем 
од типот на проблемот кој ти го имаш, и дека можеби никој на листава 
нема искувство од прва рака со сличен проблем, па аналогно на тоа и не 
може да ти одговори на конкретното прашање, или сега треба сите тука да 
се обидеме да најдеме модем ист како твојот, слична конфиуграција на 
компјутер, иста дистрибуција и да направиме лабараторија да го 
реплицираме проблемот кој тебе ти се јавува, па потоа да бараме решение?


Е сега, според она што го имаш напишано за модемот, мене ми делува дека 
модулот за модемот не ти се лоадува автоматски по бутирање (може да е до 
пачот кој го ставаш, или пак до некој друг проблем, можеш подетално да 
си испиташ, од друга страна конфликтот што ти го јавува е со модулот за 
звучната картичка, така да не е лошо и тоа да го подиспиташ зошто се 
јавува, највероватно IRQ или I/O адресите се судираат па ако е до тоа 
пробај некако да го решиш).

И за крај, во опен сорс заедницата немој да се надеваш дека некој е 
должен да ги решава твоите конкретни проблеми, и дека секогаш некој 
„мора“ да ти помогне. Луѓето учевствуваат во вакви заедници по нивна 
сопствена желба, се залагаат за работие кои се од нивни конкретен 
интерес и немаат никакви обврски према другите опенсорс корисници (ова е 
никакви освен морални), така да целата таа работа е волонтерска, и ако 
одредени луѓе се позаинтересирани за превод и локализација отколку за 
администрација на модеми, тоа не треба да те иритира и одма да ја 
напаѓаш таа група.



More information about the Ossm-members mailing list