[Ossm-members] Re: Проблеми во Mandrake 10.1 (оф)

The Prophet prophetmk at yahoo.com
Tue Nov 23 23:34:01 UTC 2004


--- Darko Nikolovski <darkon at npk.com.mk> wrote:

>     Што се однесува на
> бесцелноста на дискусиите
> за преводите на 
> конкрентни зборови, тотално
> не си во право. Секоја таква
> дискусија има 
> своја цел и тежина, и на крај
> и резултат. Ако сакаш да ја
> мериш 
> продуктивноста на тие
> дискусии тогаш сигурно
> твојот проблем со модемот 
> има многу помал приоритет
> отколку стандардизирање на
> превод на одредени 
> англиски термини, на крај
> краева тоа е превод кој ќе го
> користат многу 
> повеќе луѓе отколку што ќе
> го користат решението на
> чудниот проблем со 
> модемот кој што ти го имаш.
> 
> Од друга страна, за
> проблемот со модемот кој
> веќе тплку многу го 
> потенцираш ко да е прашање
> на живот и на смрт, си се
> запрашал ли ти 
> самиот себе, дека можеби е
> можно никој друг на листава
> не осетил проблем 
> од типот на проблемот кој ти
> го имаш, и дека можеби никој
> на листава 
> нема искувство од прва рака
> со сличен проблем, па
> аналогно на тоа и не 
> може да ти одговори на
> конкретното прашање, или
> сега треба сите тука да 
> се обидеме да најдеме модем
> ист како твојот, слична
> конфиуграција на 
> компјутер, иста
> дистрибуција и да направиме
> лабараторија да го 
> реплицираме проблемот кој
> тебе ти се јавува, па потоа
> да бараме решение?
> 
> 
> Е сега, според она што го
> имаш напишано за модемот,
> мене ми делува дека 
> модулот за модемот не ти се
> лоадува автоматски по
> бутирање (може да е до 
> пачот кој го ставаш, или пак
> до некој друг проблем, можеш
> подетално да 
> си испиташ, од друга страна
> конфликтот што ти го јавува
> е со модулот за 
> звучната картичка, така да
> не е лошо и тоа да го
> подиспиташ зошто се 
> јавува, највероватно IRQ или
> I/O адресите се судираат па
> ако е до тоа 
> пробај некако да го решиш).
> 
> И за крај, во опен сорс
> заедницата немој да се
> надеваш дека некој е 
> должен да ги решава твоите
> конкретни проблеми, и дека
> секогаш некој 
> „мора“ да ти помогне.
> Луѓето учевствуваат во
> вакви заедници по нивна 
> сопствена желба, се залагаат
> за работие кои се од нивни
> конкретен 
> интерес и немаат никакви
> обврски према другите
> опенсорс корисници (ова е 
> никакви освен морални), така
> да целата таа работа е
> волонтерска, и ако 
> одредени луѓе се
> позаинтересирани за превод
> и локализација отколку за 
> администрација на модеми,
> тоа не треба да те иритира и
> одма да ја 
> напаѓаш таа група.

Бре,бре!
Елеганцијо кога ке престанеш
да пишуваш приказни за пролетта?



More information about the Ossm-members mailing list