RE: [Ossm-members] Сигурност

Filip Risteski filip_risteski at mt.net.mk
Tue Nov 23 08:30:33 UTC 2004


> И е за хакери. Познавам еден куп луѓе кои студираат или дипломирале
> Информатика (било ПМФ или КТИА) кои се откажале од користење на линукс
> после првата пречка, која во најголем број случаи вклучува едитирање на
> некој текст конфигурационен фајл, или пак симнување и компајлирање на
> некоја библиотека. Чим ваков калибар на корисници не е спремен да се
> соочи со комплексноста која линукс ја инкорпорира, што би очекувале од
> просечната тетка Таска, која само сака да испечати покана за роденден на
> ќерка и, само за да сфати дека и фали некое чудо што се вика CUPS. Ако
> не се лажам и еден од пропонентите на линукс овде сеуште не може да си
> ги среди драјверите за модемот. Сеа ти види...
> 
> > Од друга страна компјутерските списанија се катастрофално лоши, и не
> > можеме да се надеваме на презентација на Линукс во нив како
> > алтернатива за Виндоус. Не знам како стои финансиски оваа
> > организација, но зошто да не се направи некое квалитетно списание,
> > чија главна тема ќе биде Слободен Софтвер, со многу објаснувања за
> > Линукс, каде може да се најде, па нешто за нашата организација итн.?
> > Подобар начин за едукација и промоција не може да биде.
> 
> Ова ми се свиѓа.. Убава идеја би била компилација на текстовите што
> излегуваат на (beta.)linux.net.mk со мало DTP-ирање во четиво за печатење.

Епа после Нова Година, ќе седнам и ќе разработам некој план, за тоа какво би било списанието, кои теми би ги опфатило, како би изгледало итн. Се надевам дека ќе наидам на доброволци, кои ќе напишат по некој текст за тие теми. Убаво би биле на обичниот корисник да му се објасни дека Линукс воопшто не е за хакери и да му се истакнат разликите на кои што би требало да се навикне, доколку се префрла од Виндоус на Линукс. 

Инаку ме интересира една друга работа. Со SP2 за WinXP излезе дополнителна заштита (не ми текнува како се викаше) која функционира само кај 64 битниот Атлон и кај некои серверски прескапи процесори. Дали 64 битниот Атлон ужива полна поддршка кај Линкус (која дистрибуција) и дали функционира со горенаведената антивирусна заштита? 

Поздрав
Филип


More information about the Ossm-members mailing list