[Ossm-members] Re: Сигурност
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Wed Nov 24 14:16:51 UTC 2004
Viktor Vojnovski wrote:
> Ја знам ГПЛ лиценцата и на што се однесува. Со сите овие претходни
> инаетења (во право е Дамјан) сакав да докажам дека *бесплатен* како
> збор има да направи многу поголем впечаток врз потенцијалниот
> корисник отколку фактот дека е *слободен*, сакале ние или не. Можеме
Не мора да значи. Честопати, кога луѓето ќе чујат „бесплатно“ добиваат
впечаток дека тоа е со помал квалитет. Што не е случај со бесплатниот
слободен софтвер.
> до бесвест да му ги објаснуваме црните заговори на мајкрософт и
> лудите социјални/економски придобивки од слободниот софтвер, ама она
> *бесплатно* е тоа што ќе му се закова во мозокот. Видовте и сами по
> сајтовите..
Слободен софтвер Македонија веќе неколку години пропагира слободен
софтвер преку разни акции. Има дадено и голем придонес кон целата
заедница. Ќе треба многу повеќе од игра на зборови за во Македонија да
почне сериозно да се размислува за слободен софтвер и фиримите да почнат
да го разгледуваат како алтернатива. Од она што јас можам да го заклучам
според текот на работите, треба само време. Како и за сè друго кај нас.
More information about the Ossm-members
mailing list