[Ossm-members] Re: Re: Re: Logical Volume Manager (prevod?)

Томислав Марковски tome at users.ossm.org.mk
Wed Oct 6 11:01:14 UTC 2004


On Wed, 06 Oct 2004 12:27:47 +0200, Игор Поповски <igormk at freemail.org.mk>  
wrote:

> на пр.) или пак се работи за општо прифатени скратеници за кои и на оние  
> на кои англискиот им е мајчин јазик ретко знаат што всушност значат  
> (HTML, HTTP, FTP, IP...). Нормално, имињата (на призводите и на

Зошто? Постои правописно правило за употреба на кратенките како тие што ги  
наведе.
Да, знам, смешно изгледа ХТМЛ, ХТТП, ФТП, ИП, но само затоа што англискиот  
ни е длабоко вграден во секојдневието.
Зошто НАТО не го пишуваме NATO, или ЦИА - CIA, и за овие не пости  
соодветен превод, но се пишуваат кирилично - според правилата.

> Во сите останати случаи не треба да заборавиме дека за информатичките  
> термини и во англискиот јазик всушност се користени веќе постојни  
> зборови кои ги опишуваат предметите или активностите. Еве, логичен  
> пример е „partition“, што не е неологизам во англискиот збор!

„Партиција“ како термин одамна се користи во македонска литература и  
сосема е нормално обичен корисник да не знае што е тоа. Сепак се работи за  
технички термин и не е наше да го доближуваме терминот до корисникот. Со  
тоа само ќе направиме поголема забуна.

>> Мислам дека партиција е добар избор да си го одомаќиниме. Ама може и да  
>> не
>> се сложите? :)

Како што кажав погоре, терминот веќе се користи.

> Мене не ми звучи глупо, а впрочем, за тие што не знаат што е  
> „партиционирање“ и многу појасно, а не е неточно! Со тоа што јас додатно  
> би го исправил во „Го поделив дискот на три _првобитни_ делови“ или „Го  
> поделив дискот на три _главни_ делови“ или „Го поделив дискот на три  
> _изворни_ делови“.

„Првобитни“ е нејасен превод на "primary" во случајов. Можеби делувам  
агресивно околу сето ова, но не ги вадам коментариве од ракав. Сме  
потрошиле многу време на пронаоѓање соодветни термини, само сакам да  
споделам искуство. Треба да се размисли и дека disk space ќе биде преведен  
како „простор“, што повторно се судира со "partition" како „простор“.

Дискусијава е многу важна, ве молам да се потрудиме да утврдиме некои  
работи до крај.




More information about the Ossm-members mailing list