[Ossm-members] Re: Logical Volume Manager (prevod?)
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Thu Oct 7 17:27:22 UTC 2004
On Thu, 2004-10-07 at 17:39, Игор Поповски wrote:
> 1. Македонско-англиски и англиско-македонски речник,
> 2. Гореспомнатите Мортон-Бенсон речници, поради недоволен фонд
> на зборови во речниците од став 1.,
> 3. Англиски речник на синоними од понов датум (последниве 4-5 години
> максимум) како Вебстер, Оксфорд или Кембриџ,
> 4. Правописен речник на македонскиот литературен јазик
> од Кирил Конески од 1999 година
> 5. Лексикон на странски зборови и изрази
Од каде можат да се набават 4. и 5.?
> > Ај да видиме, не памтам што се случува со овие а само кирилизација не ми
> > звучи природно:
> > hostname - домаќин?
> > gateway - премин?
>
> Да, да. Домаќин, премин.
Hostname = име на домаќин?
Host = домаќин?
The hostname was not resolved = Името на далечниот домаќинот не е ...
разрешено*?
Сценарио на гуи алатка:
Address / Config / Devices / Host
Адреса / Конфигурација / Уреди / Домаќин
Нели има нешто што делува крајно одбивно во горните примери?
Што е со терминот „хостеса“? Се третира како интернационализам?
Нели може да се прифати „хост“ како компјутери термин? Host значи и
„носител“, не владеам многу вокабулар, но нели може да се најде нешто
посоодветно?
> Не го препознава „Re:“ затоа што не е на почеток (пред него има
> [Ossm-members]). Ќе внимавам од сега, ќе го поправам рачно. Се извинувам.
Нели Тандербирд е свесен за порака пратена на мејлинг листа? Постои и
соодветен хедер (заглавие?) за тоа.
Поздрав
П.С. Одлични ставови и објаснувања, браво.
More information about the Ossm-members
mailing list