[Ossm-members] Re: Logical Volume Manager (prevod?)

Игор Поповски igormk at freemail.org.mk
Fri Oct 8 13:27:23 UTC 2004


Томислав Марковски напиша:

>>4. Правописен речник на македонскиот литературен јазик
>>    од Кирил Конески од 1999 година
>>5. Лексикон на странски зборови и изрази
> 
> Од каде можат да се набават 4. и 5.?

Па не знам... Веројатно во секоја подобро снабдена книжарница... Јас ги
имам земено на саем, ама не ми текнува од чиј штанд... Бидејќи се
изданија од понов датум мислам дека не би требало да ги нема!


> Нели има нешто што делува крајно одбивно во горните примери?
> Што е со терминот „хостеса“? Се третира како интернационализам?
> Нели може да се прифати „хост“ како компјутери термин? Host значи и
> „носител“, не владеам многу вокабулар, но нели може да се најде нешто
> посоодветно?

Па „хостеса“ не постои како збор што се користи во македонскиот јазик во
ниту еден речник. Веројатно кога станаа популарни овие „девојчиња“, на
работодавците (или и на нив самите) им звучело премногу „сељачки“ да ги
наречат домаќинки како што би требало :)


> Нели Тандербирд е свесен за порака пратена на мејлинг листа? Постои и
> соодветен хедер (заглавие?) за тоа.

Хмм... Не знам... Ја користам Мозила гарнитурата (Mozilla suite :)), не
Фајрфокс и Тандерберд одделно... Иако мислам дека се идентични по
прашање на функционалноста. Можеби и има некоја таква опција во поновиве
верзии, но не сум ја приметил... Си ја користам како што ја користев и
пред неколку години; пораките од поштенските листи ги ставам во посебен
директориум преку филтри, ништо повеќе. Ако има и друг начин, кажете!






More information about the Ossm-members mailing list