[Ossm-members] Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)

Новица Наков novica at bagra.org
Thu Oct 7 20:16:03 UTC 2004


Игор Поповски напиша: 

> Мислев, не треба да се трудиме да бараме превод за термините
> (на пр. НЕ за: FTP - File Transfer Protocol = Протокол за Пренос на
> Датотеки - ППД :)) Не мислев на дилема кирилица-латиница!

Хм, интересно баш за овие е што тие секако ќе се користат на латиница. Никој 
нема во прелистувачот да напише "хттп://". Така што не знам која е точно 
поентата да ги препишуваме како ХТТП или ФТП и сл.

Инаку, сега ја читам дискусијава прв пат и 40+ пораки ми дојдоа некаку многу. 
Па само на кратко уште 2-3 работи: 
1. Ако веќе се преведува „примарни партиции“ тогаш мислам дека „основни 
делови“ би било најсоодветно (иако примарни е некој интернационализам или 
нешто така, па и се користи во речниците на други области, а не само 
комјутерската).

2. Игор што точно работиш ти? Колку што ми текнува секогаш си во ваквите 
јазични дискусии, па чисто ме интересира што, како, од каде, ако не е 
тајна. :)

3. Иако она што (мислам) Глиша го кажа за WinXP најверојатно ќе биде така, тоа 
не значи дека ние овде не можеме да го направиме најдобриот можен превод за 
програмите кои си ги преведуваме. Но, во овие муабети најчесто се вклучуваат 
3-4 луѓе. На листава има преку 130 луѓе. Зарем никој не користи некои од 
програмите кои се преведени на македонски? Дефинитивно ќе направиме добри 
преводи само ако на луѓето што ги користат програмите им значи како 
програмата изгледа на македонски. Ни треба поголем фидбек. За скоро се освен 
ОО.о поправките можат да се направат веднаш.

4. Бидејќи не можам баш најдобро да следам што се случува, ако донесете 
некаква одлука за преводот на некој конкретен термин известете ме некако 
***видливо*** за да можам да го додадам во тој еден демо речник што го 
правевме порано за компјутерски термини. Можеме валјда да направиме и напор 
да се прошири и досреди тој речник и да се врзат со него и некои други обиди. 
Игор, ти како човек кој ги има сите книги од оваа тема, би се нафатил ли на 
некоја ваква акција? :)


-- 
Новица



More information about the Ossm-members mailing list