[Ossm-members] Re: Logical Volume Manager (prevod?)
Zlatko Trajceski
zlat at bagra.org
Fri Oct 8 02:55:24 UTC 2004
On Thu, 07 Oct 2004 17:39:46 +0200, you wrote:
>овој збор е од фамилијата германски технички изрази одомаќинети на
>Балканот, како и „шрафцигер“, „шраф“, „шми-шајбна“, „абрихтер“,
>„дребонг“, „хилта“ и едно чудо други изрази од столарскиот, ѕидарскиот,
>машино-браварскиот, електричарскиот и другите сродни занаети. Чудно, но
>вистинито: речиси за сите има соодветен македонски, литературен збор, но
>ретко кој го користи и ден денес. Јас си имам и анологија поставено -
>веројатно се работи за многу сличен случај со овој превод на
>информатички термини денес; во екот на индустриската револуција кај нас
>(на Балканот), новите донесени машини (претопоставувам во најголем дел
>од Австрија и Германија :)) работниците си ги завикале според
>оригиналните, германски имиња; дали според името на германски или според
>името на фирмата која ги произвела. Називите им останале до денес.
Ист пример е и автомобилската индустрија -
- ауспух (?)
- рикверц (наназад?)
- фар (предно светло?)
- шофершајбна (ветробранско стакло)
- шалт табла (?)
- кумплунг - или и како да се пишува (?)
- гепек (багажник?)
- дизна (?)
Надвор од неа:
- штекер (?)
- куршлус (краток спој)
Знае некој македонски пандани на овие?
Значи веќе еднаш грешката е направена, дали треба да се повтори или
немало никаква грешка?
--
m o reandmore and morea nd moreandmo r eandm ore andm ore
More information about the Ossm-members
mailing list