[Ossm-members] Locale и OSS во Slack 10
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Fri Oct 8 12:29:30 UTC 2004
> 1.Ај кој знае да каже како да ставам utf-8 подршка и македонско локале
> во Slack 10? Кога пишувам во конзола и други програми со македонска
> тастатура ми дава прашалници.
„The definite guide about mk locale in Slack-10“
Да повториме, за да ти работи кирилицата како треба потребни се следниве
состојки:
1. Македонско locale (mk_MK.UTF-8)
2. Кирилични фонтови
3. Македонска тастатура
1. треба да го имаш инсталирано glibc-i18n пакетот.
после имаш два начини да го подесиш locale-to :)
* 1.1 така што ќе важи за сите user-и на компјутерот:
го едитираш фајлот /etc/profile.d/lang.sh, и негде шестата линија ја менуваш
така да пишува:
export LANG=mk_MK.UTF-8
* 1.2 да важи само за тебе (по-препорачливо, /home се backup-ира и не се
upgrade-ува):
го едитираш фајлот ~/.profile (ако не постои го креираш)(~ е скратеница за
твојот $HOME, на пр. во мојот случај /home/damjan), и ја ставаш/додаваш
линијата:
export LANG=mk_MK.UTF-8
(btw ако имаш ~/.bash_profile преименувај го во ~/.profile, па после едитирај
го)
Тоа е све за локалето.
Што се однесува до тастатурите и фонтовите, процедурата е различна за X и за
конзола:
* X window system *
** фонтови
kde-то има фонт инсталер кој врши работа, слободни фонтови се
http://freshmeat.net/projects/dejavu/,
http://freshmeat.net/projects/urw-fonts-cyrillic/
а ако имаш windows можеш да ги ископираш и TTF фонтовите од него.
** тастатура
НЕ ГО КОРИСТИ ГЛУПОТО АПЛЕТЧЕ ОД KDE, барем мене не ми врши работи... стави го
ова во ~/.xprofile:
setxkbmap us,mk -option grp:switch -option grp:menu_toggle \
-option compose:rwin -option grp_led:scroll
applet-чето од Gnome е добро.
* Конзола (тастатура и фонт) *
изврши го ова:
cat <<EOF > /etc/rc.d/rc.font
#!/bin/sh
/usr/bin/unicode_start
/usr/bin/setfont -v cyr-sun16
/usr/bin/loadkeys mk-utf
EOF
chmod +x /etc/rc.d/rc.font
ps.
пробајте ја процедурава на чист slack, ако најдете bug информирајте ме да го
средам текстов и да го ставам на the interweb.
--
дамјан
I believe the technical term is "Oops!"
More information about the Ossm-members
mailing list