[Ossm-members] Лого

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Mon Oct 11 18:20:31 UTC 2004


Поради тоа што поголемиот дел од работата поврзана со враќањето на 
новиот линукс.нет.мк е завршена би сакал да објавам „конкурс“ за ново 
лого на порталот.

Ако помага:
1. Треба да биде пингвин, по можност нацртан, креиран тука, уникатен.. :) 
2. Боите на сајтот се бела, темно сина и портокалова (значи не би било 
лошо и логото да е тука некаде со боите за да се вклопува како што треба).
3. Гугл имиџес може да ви најде интересни резултати. Проверете го 
албанскиот тукс, оригинален е.
4. Употребете ја фантазијата (не би било лошо да се додаде и некој 
симбол, дали знаме, тавче гравче :)))  ...што ти ја знам).

Ако можете да направите или пак знаете некој што може да ја заврши 
работата, помогнете.
За возврат нудам едно частење пиво.  :)





More information about the Ossm-members mailing list