[Ossm-members] Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)
Игор Поповски
igormk at freemail.org.mk
Tue Oct 12 01:31:00 UTC 2004
Новица Наков напиша:
> Што ако добиеш порака од типот: бла бла бла ... ссх ... бла бла. Не
> ми иде некако.
Зошто? Работа на навика е...
> Нема нешто во нашиот правопис за тоа дека некои зборови е океј
> да останат на латиница и во оригинал?
Епа нема ;)
Како што напишав, писмо во македонскиот јазик е *само* кириличното.
Вака би се давала предност само на одредено писмо, т.е. јазик. Јасно ми
е дека англискиот е своевиден интернационален јазик на денешницата, но
сепак, сега за сега официјално нема никаква предност во однос на другите
јазици. Ако би се дозволила употреба на латиничното писмо, зошно не и на
арапското, хебрејското, јапонското... Замисли ситуација: кучешки џигер
во сос од мувини ларви со мед се вика 情 а се чита „хју-џау“. Тој џигер
како таков е општо-познат во Кина со нејзините 1 и кусур милијарда
жители. Дали ти кога би пишувал рецепт во Македонија за ориз на
мандариншки начин гарниран со хју-џау ќе пишеш „ориз со 情“ или „ориз со
хју-џау“?
More information about the Ossm-members
mailing list