[Ossm-members] Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)
Nikola Vanevski
nino at postbank.com.mk
Tue Oct 12 08:13:24 UTC 2004
Игор Поповски wrote:
> Новица Наков напиша:
>
>> Што ако добиеш порака од типот: бла бла бла ... ссх ... бла бла. Не ми
>> иде некако.
>
>
> Зошто? Работа на навика е...
>
>
>> Нема нешто во нашиот правопис за тоа дека некои зборови е океј да
>> останат на латиница и во оригинал?
>
>
> Епа нема ;)
>
> Како што напишав, писмо во македонскиот јазик е *само* кириличното.
> Вака би се давала предност само на одредено писмо, т.е. јазик. Јасно ми
> е дека англискиот е своевиден интернационален јазик на денешницата, но
> сепак, сега за сега официјално нема никаква предност во однос на другите
> јазици. Ако би се дозволила употреба на латиничното писмо, зошно не и на
> арапското, хебрејското, јапонското... Замисли ситуација: кучешки џигер
> во сос од мувини ларви со мед се вика 情 а се чита „хју-џау“. Тој џигер
> како таков е општо-познат во Кина со нејзините 1 и кусур милијарда
> жители. Дали ти кога би пишувал рецепт во Македонија за ориз на
> мандариншки начин гарниран со хју-џау ќе пишеш „ориз со 情“ или „ориз со
> хју-џау“?
Цела оваа работа некако се истегна. Јас имам еден предлог како да го
дефинираме пристапот :
- Во текстовите (и говорот, препорачливо, макар да мислам дека е
неизводливо) да користиме преведени изрази (нпр. прегледувач наместо
браузер, печатач наместо принтер итн) и да постои јавно пристапна база
на вакви термини
- Кратенките за протоколи, подолги термини (нпр. ХДСЛ, ХТТП, ИСДН...)
да ги пишуваме на кирилица
- Истите кратенки да ги пишуваме на латиница само во неопходен контекст
како на пример во интернет адреси („посетете го http://www.kde.org и
таму бла бла“) или кога се илустрира код со коментари (како
printf("Hello World!\n") и слично), каде што употребата на кирилица би
била не само неумесна туку и смешна.
Пропуштив нешто ?
Нино
More information about the Ossm-members
mailing list