[Ossm-members] Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)
Новица Наков
novica at bagra.org
Tue Oct 12 16:25:30 UTC 2004
Zoran Dimovski напиша:
> Јас за оваа работа сеуште ќе стојам на мојата логика без разлика на
> правилата на нашиот јазик, и така ке продолжам да преведувам.
Да не запаѓаме во вакви на ти го - дај ми го филмови. Ако има критична маса,
(а и бидејќи има преводи на кои се работи), не би било лошо воспоставените
правила да се почитуваат. Да речеме во прва фаза да се договориме за
почитување на оние најосновни работи и за работи за кои нема многу (можни)
двоумења. Па подоцна може да се допрецизираат другите.
Ако како што излегува имаме полно несогласувања околу кратенките, имињата на
програмите и сите други работи кои може да се појават, може да се договориме
истите да останат непреведени додека не се расчистат забуните. Ако тоа значи
и чекање на македонскиот превод на XP (како ќе напишеме X (икс) на кирилица),
ќе почекаме, валјда ќе го направат брзо. ;-)
На крајот на краиштата најлесно е да се направи find&replace HTTP/ХТТП.
Проблемот е да се преведат сите други линии.
--
Новица
The difference between 'involvement' and 'commitment' is like an eggs-and-ham
breakfast: the chicken was 'involved' - the pig was 'committed'.
More information about the Ossm-members
mailing list