[Ossm-members] Преводи на компјутерски термини беше: Logical Volume Manager (prevod?)
Nikola Vanevski
nino at postbank.com.mk
Wed Oct 13 06:26:31 UTC 2004
Zoran Dimovski wrote:
> Јас не сум. Не сакам сега да отворам некоја „тешка“ дискусија за ова
> но јас ке ги преведувам на латиница. За Gnome преведувачите нека одат
> ако сакат со кирилица. Мојот конечен став е дека треба да си останат
> на латиница.
>
Луѓе бе, не се работи за тоа на кој како му се допаѓа или му прави
резон, туку за тоа како е правилно. Ако веќе го прошируваме јазикот,
дајте да не ни се смеат по 5-10 години.
> Ние овде разговараме за компјутерски термини и мислам дека треба да ги
> отстраниме НАТО, КФОР, и тие што следуваат понатаму.
> FTP, http, и други секаде се користат исто без разлика дали се кинески
> или јапонски.
>
Термини се термини, без разлика дали се економски, политички, медицински
или компјутерски. Стои фактот дека во периодот кога светот имаше
најголем прогрес и ние требаше да оформиме свој техничко-технолошки
речник, ние имавме две војни, една револуција и една непризната
граѓанска војна па останавме и без техника, и без технологија, и без
речник. Ако секоја струка / гранка си преведува онака како што ќе им
текне, јазиков наш стана турлитава. Постојат граматички правила и мора
да се почитуват. Сметај го тоа малку како самопочит.
> Без навреда ама толку многу силно сметам дека треба да си останат на
> латиница (како за пример, на мене ми сметаат на кирилица затоа што
> нема да знам што значат самите преводи)
Ако знаеш што значи HTTP, ќе знаеш што значи и ХТТП. Во крајна линија,
ќе ангажираш малку сиви клетки и за брзо време ќе ти текне. Само ти се
чини дека ти сметаат на кирилица - тоа е работа на навика.
Нино
More information about the Ossm-members
mailing list