[Ossm-members] Документ-спецификација, беше: Преводи на компјутерски термини
Игор Поповски
igormk at freemail.org.mk
Wed Oct 13 10:24:15 UTC 2004
Bozidar Proevski напиша:
>> (Имаше еден информатички технички речник од Зозе Мургоски - го видел
>> некој? Вреди да се користи? Или е само губење време?)
>
> Не го бива баш многу. Преводи во стилот на User - јузер
Не е битно... Јас мислам дека е потребна основа, да не биде
составувањето на речникот стихијно, со додавање на зборови на кои
(случајно) ќе се наиде при самиот превод. Процедурата всушност треба да
биде обратна - прво речник, па правилник, па на крај користејќи ги овие
две алатки: превод. Самата процедура на локализација ќе биде многу
поедноставна вака.
Добро би било да се разгледа речникот, ако има доволен фонд на зборови
да се ревидира и во однос на него на се состави нов, па и да се издаде
под закрила на ОССМ, зошто да не?
Јас имам еден терминолошки речник со превод од англиски на
српскохрватски, но е издание од 1989, па нема многу зборови и изрази,
затоа што едноставно не постоеле во тоа време, пред појава на
интернет... Било каков терминолошки речник кој не е постар од 3-4 години
би бил од голема помош!
Томислав Марковски напиша:
> Русите преведуваат сè што е латинично, па дури и воведуваат свои
> термини (кажувам според преводот на виндоус).
Ова според мене е правилен пристап и за кај нас. Русите се во предност
што не биле обременети со долгогодишно користење на софтвер на англиски,
но и со јаки институции кои се грижат за употребата на јазикот и за
стандардизација на нови термини! Иако сме во незавидна положба, тоа не
значи дека треба да продолжиме да удираме со главите во ѕид.
More information about the Ossm-members
mailing list