[Ossm-members] Sostanok za MaLinKo sabota 18:00 pred London

Zlatko Trajceski zlat at bagra.org
Thu Oct 14 20:52:52 UTC 2004


За сите кои сакаат да помогнат за МаЛинКо во сабота во 18:00 на состанок 
пред Лондон на плоштад и таму ќе се договориме каде потоа.

Како што напишав - помош е потребна. Треба да ги поделиме одговорностите:
- да се договори просторија (ЕТФ е најпригодно место - дали би го добиле 
2 дена - најчесто во декември саботите се работни на ЕТФ)
- да се договори видео бим (ова мора да се најде)
- одговорен за презентациите - ќе контактира со луѓето и ќе состави 
листа на дефинитивни презентации и предавачи
- да се побара спонзорство за сокови (можеби и нотеси) и сл.
- да се изработат плакати
- да се изработи веб страна за настанот

Треба да ги одредиме и роковите.

Значи сите кои сакаат да помогнат на било каков начин за Малинко се гледаме.


Воедно како втора точка ќе бидат дефинирање на некои термини при 
преведувањето - Ухо веќе има почетна листа на термини кои би ги 
дефинирале и листа на одредени правила.



More information about the Ossm-members mailing list