[Ossm-members] viki za Malinko
Zlatko Trajceski
zlat at bagra.org
Sun Oct 17 18:24:04 UTC 2004
Новица Наков wrote:
>Од wiki-то:
>
>
>
>>Исто така имаме понуда друга организација (во формирање) да ги
>>превземе/помогне работите околу пишување на документација, барање
>>спонзорства и покани на манифестацијата, бесплатно поради лична афирмација.
>>
>>
>
>Објаснете ви се молам.
>
>
>За предавањата: мислам дека бр. 1 критериум е сè што ќе се презентира да биде
>под некоја лиценца која е OSI approved или ја има на листата на слободен
>софтвер лиценци на gnu.org. Ова го кажувам бидејќи видов linux како gaming
>платформа, а тоа winex колку што ми текнува имаше некоја заебана лиценца.
>Внимавајте, сепак ова го организира _Слободен_софтвер_Македонија_.
>
>
Во право си, но ако се договориме можеме да бидеме и малку флексибилни -
сепак се работи за 100% слободна пратформа. Додека не се договориме
поинаку - ја ставив твојата забелешка на викито.
>Понатаму, од чисто практични причини добро би било прво да се одреди каде ќе
>се одвива настанот. Настанов ќе трае 2 дена. Да речеме дека ќе се добијат две
>предавални на ЕТФ* (+ некаква соба со компјутери). Тоа ќе значи дека може да
>се одржуваат по две предавања паралено, при што посетителите ќе можат да одат
>од едно до друго на паузите. Ако има две простории тогаш (ако има предавања
>од 10 до 16, и ако траат 45-60 мин.) може да има по 6 предавања (или вкупно
>12) дневно, т.е. 24 во двата дена. Тогаш може да се одреди колку предавачи
>треба, и кои предавања задолжително треба да се организираат (пр. Општо за
>слободен софтвер, за ОССМ и сл.).
>
>
Имаме рок до кога мора да се договори просторија - мислам дека не е
доволно само да кажеме дека ќе биде таму и таму и готово. Инаку се
договоривме да имаме само една просторија каде ќе бидат сите предавања и
плус една со компјутери за работилница.
>+ идејата за некаква конференција воопшто не е нова. Ако не ве мрзи да си
>прочепкате по сандачињата (Златко, Уфо) тогаш ќе најдете едно предлогче што
>јас го пратив негде во август 2003-тата. Таму имаше прилично разработени
>работи.
>
>
Не можам да го најдам.
>* Патем не е лошо да се праша и на ПМФ. Со оглед на тоа дека таму веќе имаше
>едно предавање (делумно) од областа на слободниот софтвер. Исто не е лошо да
>се контактира со тој момакот Горан. Неговото предавање беше стварно добро и
>штета што тогаш не го видоа многу луѓе.
>
>
Заклучивме дека ПМФ е далеку и е малку непристапно - сепак може да
остане како алтернатива.
Веќе контактирав со Горан и начелно се согласи да биде дел од преавачите
на Малинко - супер.
More information about the Ossm-members
mailing list