[Ossm-members] viki za Malinko
Новица Наков
novica at bagra.org
Sun Oct 17 19:14:03 UTC 2004
Zlatko Trajceski напиша:
> >Од wiki-то:
> >>Исто така имаме понуда друга организација (во формирање) да ги
> >>превземе/помогне работите околу пишување на документација, барање
> >>спонзорства и покани на манифестацијата, бесплатно поради лична
> >> афирмација.
Сеуште чекам на објаснување на ова.
> Во право си, но ако се договориме можеме да бидеме и малку флексибилни -
> сепак се работи за 100% слободна пратформа. Додека не се договориме
> поинаку - ја ставив твојата забелешка на викито.
Некако апсурдно е да се договараме дека заради икс причини сме подготвени да
ја игнорираме „слободата“ во некое парче софтвер, кога основниот концепт кој
го застапуваме е токму „слободата“. Замисли го ова.
Прво предавање: Слободниот софтвер е софтвер кој имате слобода да го користите
за било која намена, да го редистрибуирате, да го модифицирате и да ги
објавите тие модификации. И тоа е добро заради разни причини (предавачот тука
набројува).
Предавање број два: Епа Winex (или било што друго што би можело да се протне),
не е слободен софтвер, али супер е, пошто можеш Варкрафт да играш со него.
Прашање од публика: што ќе ми е Моно кога алтернетивата на МС е супер?
Предавачот: ама Моно е слободен софтвер. Публиката: WTF?!? Само што рече дека
Winex не е слободен софтвер, ама е супер.
Овде се црта линијата. ОССМ е за _слободен_ софтвер. Може да се расправаме
колку сакате дали КДЕ или ГНОМЕ е подобар, ама ниедно парче софтвер кое е под
лиценца која ја нема на листата на лиценци за слободен софтвер на gnu.org не
смее да биде на настан официјално организиран од ОССМ.
--
Новица
"It is the mark of an educated mind to be able to entertain a thought without
accepting it." - Aristotle
More information about the Ossm-members
mailing list