[Ossm-members] viki za Malinko

Zlatko Trajceski zlat at bagra.org
Sun Oct 17 21:55:19 UTC 2004


Новица Наков wrote:

>Zlatko Trajceski напиша: 
>
>  
>
>>>Од wiki-то:
>>>      
>>>
>>>>Исто така имаме понуда друга организација (во формирање) да ги
>>>>превземе/помогне работите околу пишување на документација, барање
>>>>спонзорства и покани на манифестацијата, бесплатно поради лична
>>>>афирмација.
>>>>        
>>>>
>
>Сеуште чекам на објаснување на ова.
>  
>
Го тргнав тоа од викито. Идејата беше да го направиме тоа со 
коорганизатори или сл. кои ќе ни помогнат во работите на организирањето 
кои не се баш популарни кај нас.

За настанов изгледа нема да ни биде потребно тоа, па затоа и го тргнав, 
но за во иднина за некој друг настан можеби и би функционирало - каде 
ние би се занимавале повеќе со техничките делови и маркетинг (плакати и 
веб страна), а некој друг би ни помогнал околу бркањето спонзорства, 
договарање на простории и сл. трчкарања.

Тие „другите“ би го направиле тоа или за лична афирмација или за одреден 
процент, како коорганизатори или како и да се договориме. Но да повторам 
- за Малинко мислам дека нема потреба, а за во иднина би направиле 
муабет меѓу нас и ако се сложиме може и да организираме некој нареден 
настан на тој начин.



бтњ - го тргнав предавањето за игри под линукс - најмал проблем е тоа во 
моментов - ќе бидат предавањата 100% за слободен софтвер, а не 99,9 ;-) 
- да се концентрираме на изработка на документација, наоѓање просторија 
со проектор, наоѓање на предавачи и спонзори - па и име на настанот - 
можеби МаЛинКо сепак не е лошо име ;-)





More information about the Ossm-members mailing list