[Ossm-members] prevod(zar mozhe da izbegame od nego)
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Sun Oct 17 19:53:09 UTC 2004
On нед, 2004-10-17 at 21:10, Georgi Stanojevski wrote:
> default.
Цела реченица за превод, ќе може?
> Ај по којзнае кој пат за горе наведениот збор ми треба мислење од
> стручниот конзилиум.
Стандардно, основно, зададено, вообичаено...
> Колку што памтам на големо и на широко се расправаше за default и како да
> се преведува. Меѓу другото еден од главните проблемите беше
> "преддефинирано"
> и "предефинирано" и памтам се одлучи дека предефинирано е добриот избор.
„Предефинирано“ не, но не сум сигурен за „преддефинирано“, иако ми звучи
во ред доколку немаш друга алтернатива. Сепак пробај со погорните
зборчиња.
> Ок, се согласувам дека и вообичаено е убав избор но предефинирано прекрасно
> ми звучи и мене ми означува баш така како што го замислувам default
> "претходно дефинирана вредност" и секогаш ми е прв избор.
„Предефинириано“ е според мене погрешно, зашто „пре“ префиксот означува
друго (нешто прекумерно). Сепак, ако некој знае сигурно дека може и
така, нека каже.
П.С. Прати го цел стринг за превод што ти е.
More information about the Ossm-members
mailing list