[Ossm-members] Re: prevod(zar mozhe da izbegame od nego)
Arangel Angov
ufo at linux.net.mk
Sun Oct 17 19:57:18 UTC 2004
Новица Наков напиша:
>Стручниот конзилиум се договори дека некои зборови, меѓу кои и default, не
>може да имаат еден превод. Некогаш океј е вообичаено, некогаш основно... и
>други опции. Значи треба да се следи контекстот. Тоа дека не постоел збор
>пре(д)дефинирано и мене ми е чудно, но не е толку важно.
>
Основно, вообичаено, стандардно. Овие три збора ДА.
Предефинирано или преддефинирано! Мислам, чекај бе, каде? Ко прво, тие
што го користат и што го измислиле зборов нека си расчистат дали ќе си
го викаат предефинирано или преддефинирано а коа се кај мислењето нека
размислат уствари дали воопшто сакаат да го користат овој „збор“.
Мене ама ич никако не ми асоцира предефинирано на default. Појше ми
звучи како премногу дефинирано како кај премногу добар - предобар,
премногу глуп - преглуп итн.
ПС Стојмир дај инсталирај ми mailman на серверот за да подигнам една
мејлинг листа за локализација и да не гушиме тука за секакви ситници.
More information about the Ossm-members
mailing list