RE: [Ossm-members] ДСС-Бт Агенда

Gjoko Jovanovski zlochko at on.net.mk
Fri Sep 17 09:35:56 UTC 2004


|Од некој кој често патува(ше) кон Битола (т.е. јас) може да добиете
|информација дека најисплатливо е да се организира превоз со автомобили.
|Ем се стигнува за 1,5 - 2,5 часа (зависи од автомобилот и гужвата на
|Плетвар), ем нема мрцварења. Со воз се патува 4 часа, со автобус нешто
|помалку (околу 3). Арно ама, за да се стигне до 11 часот треба да се
|фати возот во 06.00 (цена нешто над 300 денари - повратен билет), а за
|автобуси немам точна сатница, само пак е некаде околу 6-7 ч., а билетот
|во еден правец (!) мислам дека е (пак) над 300 ден. Па сега направете
|пресметка: 1 автомобил по 5 луѓе во него (или по 4 за поголема
|комоција)....
|
|а, да.... Битола нема аеродром!

А еве ви и информации од некој кој што постојано патува кон Битола.
Воз. Прв во 6 часот наутро. цена: 350 денари за повратен билет. патот трае
мин. 4 часа, а ако се расипе локомотивата, нешто што не се случува така
ретко - се одложува на ... недефинирано време.
Автобус. Прв во 6 часот наутро (од Галеб - Охрид) кој доаѓа од Белград. Цена
360 денари - во еден правец. Повратни билети нема ни од Галеб, а ни од
Пролетер. Стасува во Битола точно во 9:30 бидејќи застанува на сите можни
меѓугратски станици и оди преку Плетвар.

Автомобил: 
- преку Велес - патарина + 150 денари (во еден правец), патот е 170км
- преку Тетово - патарина + 100 денари (во еден правец) патот е 185км со тоа
што ќе одите преку стража, а не преку Плетвар кој што според мене е многу
понапорен за возење, а и стално е блокиран.

Доколку се решите да одите со кола, преку Тетово, ќе ја поминете Стража, ќе
го поминете Кичево и некаде околу 2-3 км од излезеот на Кичево патот оди
лево накај Демир Хисар што е и обележано со табла. Патот е во добра
состојба, празен е и нема проблеми за возење, а завршува на самиот влез на
Битола.
Лично ви ја препорачувам последнава опција. Среќен пат и убав помин! :)


Злочко.




More information about the Ossm-members mailing list