[Ossm-members] MySQL problem?
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Mon Sep 27 14:05:08 UTC 2004
> Hello ke mi kaze li nekoj dali MySQL si ima zakacka so UTF8, zatoa sto
> go prepravam recnikot i sakam utf8 da koriste ama koga vnesam vo bazata
> utf8, preku veb gledam samo kocki i na kraj edno Dali nekoj znae
> sto mu e majkata??? A probav so windows1251 nema nikakov problem.
> Pomagajte tuka :)
MySQL (за помали верзии од 4.1) нема вградена подршка за Unicode, но тоа само
значи дека специјалните функции на MySQL не се снаоѓаат со Unicode (на пример
sort-ирањето или операции со карактери и сл).
НО, тоа не те спречува да ставаш UTF-8 стрингови во базата, и всушност
најразличен софтвер тоа го прави без проблем. Тебе проблемот најверојатно ти
е дека во HTML страницата немаш дефинирано content-type=utf-8
пр.
<meta HTTP-EQUIV="content-type" CONTENT="text/html; charset=UTF-8">
--
дамјан
It's not a bug, it's tradition!
More information about the Ossm-members
mailing list