[Ossm-members] мал проблем со мониторот
Дамјан
penguinista at mail.net.mk
Mon Apr 4 15:24:30 UTC 2005
> Значи имам HP Ze5385 со TFT 15" Монитор со максимална резолуција од
> 1400х1200 пкс. Со оглед на тоа што резолуцијата дополнително ми го
> оптеретува работењето на систем(ите)от (да, кога е на помала резолуција
> работи побрзо), сакам да работам на резолуција од 1024х768, сето тоа го
> местам, (и под Вин и под Лин) арно ама и под двата системи забележувам дека
> објектите се матни. Значи фонтовите, иконите, покажувачите и се останато
> што се гледа е матно (не многу ама поматно отколку што треба да е). Дали
> некој знае што е решението за ова?
нема, твојот LCD екран има точно 1400 пута 1200 пиксели. Ако избереш
резолуција 1024x768, логиката во дисплејот 1024-те пиксели ги издолжува на
1400 - што никогаш нема да даде добри резултати. Едноставно со LCD екран
најдобро е да си работиш на native резолуцијата, или барем некоја што е цел
број пати помала/поголема. на пр. 700x600.
ако ти е спор компјутерот пробај намали од 24/32 битни бои на 16битни.
Најверојатно нема да приметиш разлика, а протокот на податоци низ bus-от и
меморијата ќе ти се намали за пола.
--
дамјан
Yes, I've heard of "decaf." What's your point?
More information about the Ossm-members
mailing list