[Ossm-members] Re: ��
Зоран Димовски
decata at mt.net.mk
Wed Apr 13 03:40:09 UTC 2005
Jovan Kostovski wrote:
>>Ај ... за почеток да го направиме речникот?
>>
>>
>Aj... Што треба да се сработи/доработи? Знам дека
>нешто правеа Зоки и Балалоски, ама од тоа не видов ништо. Ако не е
>тешко нека напише некој што е сработено и што треба да се доработи, па
>да издефинираме кој што ќе прави и да ставиме рокови.
>
>
Хмм рокови :) веќе ми се свиѓа. Ок сега вака. Речникот е готов веќе
долго време па кога беше 5 години linux.net.mk правев муабет со Бидиков
и ми рече дека ми пратил на пошта како би било гугл-лајк речникот. Јас
немам добиено таква пошта. Па кога објави на блогот дека има време му
пратив пошта да ми го прати дизајнот. До сега немам ништо. Инаку
речникот е уште на веб значи на http://zoki.softver.org.mk/recnik/
Бидејќи имаше многу забелешки за дизајнот и не го до средив со новиот
дизајн да функционира комплет како што ми беше замислата. Тековно работи
само пребарувањето на зборови. Од друга страна, речникот со стариот
дизајн е завршен, само што не е среден како вториот.
Во првиот има многу код за џабе и не сум го средил. Ама ако го испрате
дизајнот Бидиков ќе се потрудам да го средам во најскоро време.
П.С. Речникот не е проблем да се среде, пак ќе напоменам ни требаат
ЗБОРОВИ, моментално ви базата има околу 7000 и нешто зборови, што за
речник се многу малку. Е сега може да се извадат тие зборови што ги
користиме во преведувањето и некој ако има некоја база на зборови нека
ми ја прати. Знам дека некој ми прати зборови тогаш (се извинувам го
заборавив името :) ако не се лажам Драган или нешто на Д:) ) и тоа е се.
Благодарение на дечкото има само околу 7000 зборови и толку.
Поздрав Зоки.
More information about the Ossm-members
mailing list