[Ossm-members] Грешки во преводите на Debian.

Зоран Димовски decata at mt.net.mk
Mon Apr 18 21:08:20 UTC 2005


Денес земав да инсталирам Кубунту и наидов на нашиот македонски превод. 
Преводот е супер само најдов две забелешки кои следат подолу.


Грешки во преводите на Debian.

Забелешка 1:

Конфигурација на временска зона

Оригинал:
Врз основ на твојата држава, твојата временска зона најверојатно е 
Europe/Skopje. Дали си во Europe/Skopje временска зона.

Грешка: основ -> основа

Според мене:
Врз основа на вашата држава, временската зона најверојатно е 
Европа/Скопје. Дали сте во временската зона Европа/Скопје.
--------------------------------------
Забелешка 2:
оригинал:
Те молам внеси ја истата лозинка повторно за да се потврди дека правилно 
си ја искуцал.
Поторно внеси ја лозинката да се потврди:

грешка:
Поторно -> Повторно

според мене:
Ве молам повторно внесете ја лозинката за да се потврди дека е правилно 
внесена.
За потврда, повторно внесете ја лозинката:
----------------------------------------

Глиша знам дека ти го преведуваше инсталерот на Дебиан па ако мислиш 
дека овие преводи се подобри, без обзир на печатните грешки, можеш да ги 
внесеш во најновиот превод нели?
Ок тоа беше.
Поздрав Зоки.


More information about the Ossm-members mailing list