[Ossm-members] najverpojatno prva (pogolema "ne-kompjuterska")firma vo Bitola kojasto e 100% na gnu/linux
Dean Josevski
dean at integraeng.com.mk
Thu Apr 21 16:59:32 UTC 2005
Kristijan Spirov wrote:
> Nikola Vanevski wrote:
>
> Мислам дека мена да биде лоша идеја да се направи една „бела книга"
> за корпоративни инсталации на Линукс во Македонија. Ке биде многу
> полесно и за фирмите кои размислуваат да преминат на слободен
> софтвер кога ќе можат да видат каде и што има инсталирано. Да не
> спомнувам еден куп локални самоуправи на кои ИТ инфраструктурата
> сега ќе падне на нивен грб.
>
Јас се сложувам и прифаќам одредени активности во врска со тоа. Убаво би
било на едно место да се креира одредена база со проблеми и нивни
решенија. Таква база би ја користеле сите коишто на кој било начин го
користат Linux.
> Од моето искуство со претходната фирма каде што работев :
>
> - Македонска Банка за Поддршка на Развој (МБПР) : комплетна
> - Поштенска Банка - скоро комплетна инфраструкура (Web, E-Mail,
> - Штедилница Можности се подготвува за замена на Дата серверите со
> Мојата претходна фирма (Software Pro Design) продолжува со поддршка
> Сметам дека еден од битните фактори за навлегувањето на слободниот
> софтвер во фирмите кај нас е постоењето на отворена поддршка од страна
> на софтверските фирми, вклучувајќи ги и поголемите. Меѓутоа, повеќето од
> нив не сакаат да се откажат од делот од колачот преку продажба на
> лиценци, па не се осмелуваат да почнат со понуда на "поинакви" решенија.
Ова не би требало да биде проблем, зашто едното со другото не се
исклучува. Значи секој може да нуди, или користи и комерцијален
(тукуречи MS) софтвер и слободен софтвер, на пр. Linux.
На пример, Интегра инженеринг нуди и едно и друго. Проблемот е во
едукацијата на коминтентите. Најголемиот број на „просечни“ корисници на
PC не знаат што е Ofice, сеуште најголмиот број од нив (мене барем ми)
бараат Word, ама и Wxcel. ;(
Поздрав,
Деан Јошевски
More information about the Ossm-members
mailing list