[Ossm-members] adresar i skener
Nikola Vanevski
nvanevski at gmail.com
Fri Apr 22 12:06:44 UTC 2005
On 4/22/05, Dean Josevski <dean at integraeng.com.mk> wrote:
>
> Сакам да ве замолам за две информации:
>
> 1. Дали ќе може да ми предложите кој адресар да се користи под Linux.
> Засега се користи Mandrake 10.0, но базата на адресарот треба да
> „гарантира" лесно мигрирање на нови верзии и/или дистрибуции.
Зависи за што го користиш. KAddressBook е ОК решение за индивидуални
корисници, има импорт/експорт во многу варијанти (CSV, LDIF, vCard...)
Ако се користи некој посебен клиент за е-пошта, неговиот адресар би
требало да има опции за експорт-импорт.
Ако пак размислуваш за некој групен адресар, разгледај Kontact,
OpenExchange или E-Groupware - нудат решенија за LDAP централизирани
адресари/календари и др.
> Значи во предлогот ако може кажете како на пример од еден компјутер
> (преку CD, USB memory, или сл.) базата да се пренесе на друг компјутер.
>
Со голем дел од претходно спомнатите, доволен е експорт во LDIF и
импорт на фајлот на другиот систем. Ако пак се користи база како MySQL
или (не)дајбоже LDAP, преносот е малку незгоден, ама во такви случаи
не е ни потребен (бидејќи се користи централен адресар).
> 2. Ми треба скенер, за којшто знаете дека неговите перформанси можат
> целосно да се искористат со Linux. Се разбира скенерот да биде актуелен,
> значи да може да се набави во државичкава. Притоа уште да биде од
> најефтина класа. ;)
Е овде не сум информиран.
--
Nikola Vanevski
Postpaid Billing Software Engineer
Cosmofon MTS.AD. - Skopje
GSM +389 75 400 322
Tel. +389 22 441 300
More information about the Ossm-members
mailing list