[Ossm-members] Re: Инсталфест #2

Зоран Димовски decata at mt.net.mk
Mon Apr 25 19:38:32 UTC 2005


Дамјан напиша:

>Знаев дека ќе биде вака... ама точно вака.
>Нели се знаеше дека треба некои работи да се доснимат на евентуално второ CD? 
>Мислам дека го дискутиравме тоа веќе на листава...???
>
>  
>
И јас мислев дека корисниците на Убунту ќе обезбедат се што треба.

>Одсега нема да добиете печат на „слободен софтвер“ ако не се предвиди дека 
>барем два дена пред install-фест-от (или било каква активност) ќе се направи 
>тест инсталација и све да помине без проблем... веројатно на install-фест-от 
>сте отишле помалку спремни и од „клиентите“.
>
>  
>
За ова се согласувам дека треба подобро да се оррганизираме ако има 
нареден пат. Инаку бевме спремни само што излегоа непредвидени проблеми.
Златко ја зглешил МАК адресата на неговиот АП и така испадна половина од 
времето да немаме интернет.

>>Мандривата мене ми се допадна, од почеток до крај инсталацијата е на
>>македонски како и КДЕ-то после. Сите алакти за конфигурација се
>>на македонски + изгледа убаво и шарено + доаѓа со еден куп програми
>>кои се инсталираат исклучително лесно.
>>    
>>
>
>Супер, само што со следната верзија пак ќе биде шарено убаво и лесно, само на 
>комплетно различен начин.
>
>  
>
Како мислиш дека ќе е комплетно различен начин?? Не те разбирам што 
сакаш да кажеш

>зс. нема шанси да инсталирам fedora, suse или mandriva... така да ако некој 
>прашува за овие дистрибуции подгответе се да одговарате... и напишете си го 
>домашното.
>
>  
>
Сакаш да кажеш дека нема да ги поддржуваш дистрибуциите кои се највеќе 
кориснички ориентирани туку ќе подржуваш понапредни корисници? Хмм 
интересно.
Инаку јас имам сосема различна гледна точка околу ова. Што се однесува 
до домашното јас колку ќе можам ќе помагам околу Мандрива но ова не 
значи дека не ги поддржувам другите дистрибуции (јас дома имам Слек и 
Мандрива - едниот го користам за превод на Мандрива а другиот за мене - 
сега за проба и на двете машини имам Мандрива). Не знам зошто налегаш 
околу ова и постојано го нагласуваш. Вака мислам дека губиме доста многу 
бидејќи многу луѓе добиле помош од тебе вклучувајќи ме и мене и мислам 
дека дистрибуциите не се важни.

Поздрав Зоки.


More information about the Ossm-members mailing list