[Ossm-members] Re: Pomos za Linux
Dean Josevski
dean at integraeng.com.mk
Wed Apr 27 15:02:17 UTC 2005
Arangel Angov wrote:
> Во упатството се користи / а треба да биде:
>
> фајл = датотека
Мислам дека правилни се и двете, но не инсистирам.
> GNU/Linux = ГНУ/Линукс
Предлогот не е во ред. На пример како ќе преведеме КокаКола. Во законите
на РМ постои „име„ и „трговско име“. GNU/Linux е ова второто и треба да
се респектира тоа. Кога би го профатил твојот (вашиот) предлог ви имал
два пати помалку (alt + shift) за секој ваков дел од текстот. ;)
> маус = глушец, глувче
По опсежна повеќе месечна дискусија со повеќе лингвисти, јазичари и сл.,
(бидејќи имав потреба пишувајќи ги книгите), дојдов до заклучок дека
глувчињата треба да ги оставиме да се кријат од мачките по дипки и сл, а
маусот да си седи покрај компјутер. ;) На тој начин македноскиот јазик
природно се збогатува.
> хард диск = тврд диск
Слично како претходното.
> window менаџери = графички околина (во случајов)
Пардон апсолутно си во право.
> со вклучување на чек боксот = со штиклирање, со одбирање
Има простор за дискусија, но можам да прифатам (деулмно).
> стартување = подигнување
И двата термина се правилни.
> прозори = прозорци
Колку што мене ми е познато во македонскиот стандарден јазик не постои
зборот прозорци. Ова го имам проверено во зборникот на Блаже Конески,
само не можам да се сетам на која страна.
> Баш поради ова погоре го барав текстот а не .pdf датотека. Се обидуваме
Во знак на добра воља и со желба и натаму да се дружиме и помагаме,
текстот ќе ти го пратам (најверојатно утре, оти ми е на некое CD). Се
разбира заедно со сликите, па ти види после средувај лектурирај. Само ќе
те замолам во делот за јазична редакција (или како и да е завадено) не
ставај никакво име, поточно избриши го лекторот проф. Снежана Петровска.
Таа не се сложува (иско како и јас) со погореспоменатите забелешки.
Поздрав,
Деан Јошевски.
More information about the Ossm-members
mailing list