[Ossm-members] Re: Pomos za Linux

ufo at linux.net.mk ufo at linux.net.mk
Wed Apr 27 16:51:09 UTC 2005


On Wed, 27 Apr 2005 17:02:17 +0200
 Dean Josevski <dean at integraeng.com.mk> напиша:

> > GNU/Linux = ГНУ/Линукс
> 
> Предлогот не е во ред. На пример како ќе преведеме
> КокаКола. Во законите на РМ постои „име„ и „трговско
> име“. GNU/Linux е ова второто и треба да се респектира
> тоа. Кога би го профатил твојот (вашиот) предлог ви имал
> два пати помалку (alt + shift) за секој ваков дел од
> текстот. ;)

ГНУ/Линукс не ќе да е второто. Ај пак да повторам,
ГНУ/Линукс е комбинација од ГНУ алатките и Линукс кернелот.
ГНУ/Линукс никаде и од никој не е регистриран како
производ. Океј?
 
> > маус = глушец, глувче
> 
> По опсежна повеќе месечна дискусија со повеќе лингвисти,
> јазичари и сл., (бидејќи имав потреба пишувајќи ги
> книгите), дојдов до заклучок дека глувчињата треба да ги
> оставиме да се кријат од мачките по дипки и сл, а маусот
> да си седи покрај компјутер. ;) На тој начин македноскиот
> јазик природно се збогатува.

Апсолутно не се сложувам. Ај да го збогатиме и со фајл,
и-мејл, браузер и што уште не... Нема врска, многу лошо. А
кога ги спомна јазичарите веќе.. уф... кои јазичари те
молам?? Од 10 души 5 немаат компјутер, а другите 5 не се
никакви експерти кога станува збор за ИТ (се мисли на
софтвер, мрежи и се што спаѓа во светот каде што се користи
компјутерската терминологија). Секоја чест ако постои некој
исклучок.

> > хард диск = тврд диск
> 
> Слично како претходното.

Исто. Не знам кои се тие јазичари што те советувале
селективно да преведуваш. Ако на нив подобро им звучи маус
и хард диск затоа што само тоа го слушале цел живот воопшто
не значи дека тоа треба да се користи како превод. Да се
оддадевме на таквото размислување сега во менијата на
наутилус, конкверор и фајрфокс ќе стоеше Фајл (бњак!).
 
> > со вклучување на чек боксот = со штиклирање, со
> одбирање

Немој и ти како владата и метаморфозис со таскфорсови и чек
боксови. Стварно НЕМА што да се дискутира.
 
> Во знак на добра воља и со желба и натаму да се дружиме и
> помагаме, текстот ќе ти го пратам (најверојатно утре, оти
> ми е на некое CD). 

Затоа и сме тука, јас сум сигурен барем дека јас затоа и
сум тука. Не планирам да прекинам да се дружам и да помагам
кај што можам. :) Многу лично си ги сфаќате работите
некако. Ако не се сложуваме за некоја работа не значи дека
треба да престанеме да комуницираме. Затоа и постои
листава, за дискусија, секој да си каже што мисли.

> Се разбира заедно со сликите, па ти
> види после средувај лектурирај. Само ќе те замолам во
> делот за јазична редакција (или како и да е завадено) не
> ставај никакво име, поточно избриши го лекторот проф.
> Снежана Петровска.  Таа не се сложува (иско како и јас)
> со погореспоменатите забелешки.

Не знам колкаво искуство има професорката Петровска со
користење на компјутери и колку ја разбира компјутерската
технологија но сигурно ќе ја отстранам од текстот откако ќе
биде среден и спремен за објавување.

Поздрав.



More information about the Ossm-members mailing list