[Ossm-members] Re: Pomos za Linux

Dean Josevski dean at integraeng.com.mk
Wed Apr 27 18:36:56 UTC 2005



ufo at linux.net.mk wrote:

>>Предлогот не е во ред. На пример како ќе преведеме
>>КокаКола. Во законите на РМ постои „име„ и „трговско

> ГНУ/Линукс е комбинација од ГНУ алатките и Линукс кернелот.

Не ме држи за збор буквално, се работи за тоа дека таквите имиња не 
треба да се пишуваат со кирилски букви.

> Апсолутно не се сложувам. Ај да го збогатиме и со фајл,
> и-мејл, браузер и што уште не... Нема врска, многу лошо. А

За и-мејс секако дека не, има неколку алтернативи. За браузер исто така, 
тоа си е пребарувач. Токми и тоа сакав да го кажам дека нема унифицирана 
формула дека се треба да биде буквално преведено, или пак за се да се 
бара алтернатива.

> кога ги спомна јазичарите веќе.. уф... кои јазичари те
> молам?? Од 10 души 5 немаат компјутер, а другите 5 не се
> никакви експерти кога станува збор за ИТ (се мисли на
> софтвер, мрежи и се што спаѓа во светот каде што се користи
> компјутерската терминологија). Секоја чест ако постои некој
> исклучок.

Па добро, затоа сево ова е сложена работа, за која доолго време треба да 
се дискутира, но сепак без нив (какви такави) мора бидат вклучени.

> Исто. Не знам кои се тие јазичари што те советувале
> селективно да преведуваш. Ако на нив подобро им звучи маус
> и хард диск затоа што само тоа го слушале цел живот воопшто
> не значи дека тоа треба да се користи како превод. Да се
> оддадевме на таквото размислување сега во менијата на
> наутилус, конкверор и фајрфокс ќе стоеше Фајл (бњак!).

Добро, не мораш никого да напаѓаш. Секој има право да си има свое 
мислење. Јас на пример не сум за таков инсистирачки (ај да не речам 
насилен) начин да се наметни некој термин и сл.

Не може и не смее да се инсистира секој збој по секоја цена да се 
преведува.

Еве еден пример:

Решо. Тоа е француски збор којшто многу одамна е прифатен во 
македонскиот стандарден јазик. Ај малку да фнатазираме: Можеби некој 
(или некоја) донеле од франција решо и со време тој збој станал дел и од 
нашиот јазик.

Значи не зборувам за интернационализам, ниту за некој дијалект и сл.

Друг пример е на пример зборот: касап, којшто потенува од романскиот 
јазик, а сепак е дел и од македонскиот јазик.

Да не ја тупам, јас само сакав да ти кажам дека не се сложувам целосно 
со тебе.

> Затоа и сме тука, јас сум сигурен барем дека јас затоа и
> сум тука. Не планирам да прекинам да се дружам и да помагам
> кај што можам. :) Многу лично си ги сфаќате работите
> некако. Ако не се сложуваме за некоја работа не значи дека
> треба да престанеме да комуницираме. Затоа и постои
> листава, за дискусија, секој да си каже што мисли.

Напротив. Само сакав да потенцирам дека кога некој направил конечен 
производ, не би требало да се бара таква измена. Тоа само сакав да го 
кажам, а таман работа за лично сваќање и некомуницирање.

Деан.



More information about the Ossm-members mailing list