[Ossm-members] Re: Pomos za Linux
ufo at linux.net.mk
ufo at linux.net.mk
Wed Apr 27 17:03:24 UTC 2005
On Wed, 27 Apr 2005 17:16:53 +0200
Dean Josevski <dean at integraeng.com.mk> напиша:
> Ве молам не го земајте ова како навреда, но во пораќите
> забелувам премногу дијалекти, србизми, турцизми и сл.,
> што ме наведува на размислување дека воопшто не внимавате
> на тоа, а од друга страна се ангажирате за стручни
> преводи. Извинете, но тоа некако не ми изгледа многу
> природно.
Ова ВИЕ Скопје НИЕ Битола или како? :)))
Да не се навредиш ни ти ни другите Битолчани на листава ама
„можи“, „иди“ и сличните зборчиња воопшто не се литературен
македонски. :) Во ред е, нормално е во дискусија да се
користат такви зборчиња, сите грешиме понекогаш и стварно
тоа нема никаква врска со преводите. Јас барем таква грешка
досега во превод немам направено.
> Е сега мојот проблем: ;)
>
> Денес конечно поставив и јас ADSL, и конечно ќе можам да
> си работам 100% во Linux. Но овде „мора“ да ми помогнете:
USB или етернет модем?
Ако е ентернет, поедноставно не може да биде. Мислам дека
би требало во мендрејкот да има нешто за конфигурација на
pppoe врска. Провери таму во контролниот центар. Ако е USB
и ако е Ериксон пробај да побараш врска за драјвери на
дискусионата група за адсл, мислам дека беше mk.comp.adsl.
> Однапред ви благодарам и искрено се надевам дека нема да
> преферирате да го лектурирате овој текст, туку ќе ми
> помогнете со одговор, или со насока кој некој линк,
> литература, или сл.
Океј е. :0
More information about the Ossm-members
mailing list