[Ossm-members] Re: Pomos za Linux
Bozidar Proevski
bobibobi at freemail.com.mk
Wed Apr 27 17:11:12 UTC 2005
On Wednesday 27 April 2005 17:02, Dean Josevski wrote:
> > фајл = датотека
>
> Мислам дека правилни се и двете, но не инсистирам.
Ако веќе одиме на правилност, би било „досие“, „фасцикла“ или сл.
> > GNU/Linux = ГНУ/Линукс
>
> Предлогот не е во ред. На пример како ќе преведеме КокаКола. Во законите
> на РМ постои „име„ и „трговско име“. GNU/Linux е ова второто и треба да
> се респектира тоа. Кога би го профатил твојот (вашиот) предлог ви имал
> два пати помалку (alt + shift) за секој ваков дел од текстот. ;)
Да не ме свати Зоки погрешно ама во последно време нешто латиницава почнува да
ми боде очи. Така што и јас сум за „ГНУ/Линукс“...
> > маус = глушец, глувче
>
> По опсежна повеќе месечна дискусија со повеќе лингвисти, јазичари и сл.,
> (бидејќи имав потреба пишувајќи ги книгите), дојдов до заклучок дека
> глувчињата треба да ги оставиме да се кријат од мачките по дипки и сл, а
> маусот да си седи покрај компјутер. ;) На тој начин македноскиот јазик
> природно се збогатува.
Мене ми се чини повеќе вештачки ама тоа е само мое мислење...
> > хард диск = тврд диск
>
> Слично како претходното.
> > со вклучување на чек боксот = со штиклирање, со одбирање
>
> Има простор за дискусија, но можам да прифатам (деулмно).
Пак ќе речам вештачко внесување на транслитерирани поими...
> > прозори = прозорци
>
> Колку што мене ми е познато во македонскиот стандарден јазик не постои
> зборот прозорци. Ова го имам проверено во зборникот на Блаже Конески,
> само не можам да се сетам на која страна.
Речник на македонскиот јазик, Блаже Конески, 1965
стр. 552
*прозорец -рци*
Правописен речник на македонскиот литературен јазик, Кирил Конески, 1999
стр. 370
*прозорец, прозорци*
> лекторот проф. Снежана Петровска.
> Таа не се сложува (иско како и јас) со погореспоменатите забелешки.
ОК, јас се имам консултирано со доц. д-р Томислав Треневски, проф. по современ
македонски јазик на Катедрата за македонски јазик, Филолошки факултет.
> Поздрав,
> Деан Јошевски.
Поздрав Боби
More information about the Ossm-members
mailing list