[Ossm-members] Најава: Преведувачки маратон #3

Arangel Angov ufo at linux.net.mk
Wed Aug 24 20:56:05 UTC 2005


Слободен софтвер Македонија и фондацијата Метаморфозис на 10-11 
септември 2005 ќе организираат преведувачки маратон во просториите на 
фондацијата Метаморфозис со цел целосно да се локализира Оупенофис.орг 2.0.

Доколку се оди според планираното датумот би требало да остане тој. 
Сеуште можете да предлагате работи кои што мислите дека би биле потребни 
за да се изведе успешно овој настан.

Сега за сега ги имам следниве информации:

Маратонот ќе се оддржи во просториите на Метаморфозис и ќе трае цел 
викенд (24 часа), значи петок, сабота и недела.

Метаморфозис ќе обезбеди 13 компјутери, мрежна опрема, сендвичи и 
пијалоци за преведувачите (најверојатно ладни сендвичи од КингБургер или 
пица сендвичи од Телепица). Исто така Метаморфозис ќе доделува и награди 
за најиздржливите маратонци, односно оние што превеле највеќе стрингови. 
Првиот волонтер ќе добие УСБ мемориски стик, вторите двајца ЦД кејс и 
сите што ќе преведат над 1000 стринга ќе добијам маичка со нешто како 
„Јас го преведувам Оупенофис.орг на македонски :)“... Ова се се предлози 
што ни текнаа денес на состанокот во Метаморфозис и доколку имате нешто 
плус да предложите направете го како тоа како одговор на поракава.

Плус, од Метаморфозис начелно се сложија дека може да им се плати 
превозот на оние маратонци што ќе доаѓаат од другите градови на 
Македонија доколку нели дојдат за да локализираат а не да се прошетаат 
или слично. :\

ОССМ треба да напраи плакат за маратонот и да објави соопштенија на веб 
сајтот и кај што може на друго место со цел да се регрутираат маратонци. 
Исто така, доколку може Стојмир (пошто он го правеше претходното) или 
пак некој друг да земе еден морфикс да му инсталира кбабел за да имаме 
лајв цедиња за компјутерите на метаморфозис. На тие компјутери што 
немаат цдром треба да инсталираме убунту за да може да се преведува и на 
нив. Покрај 13те компјутери ќе има и сервер на кој што, најверојатно 
преку НФС ќе се ставаат сите завршени преводи а и нормално нели ќе се 
зимаат и нови.

ОССМ треба да направи дизајн за постер за маратонот и да го праша Ивс 
колку ќе чини печатње на истиот во А3 формат во боја. Доколку 
Метаморфозис смета дека средствата за печатење се превисоки ќе се оди на 
фотокопир (метаморфозис поседува фотокопир).

На маратонот се очекува и пристуство на лектор и професионален 
преведувач кои што би ги разгледувале преводите он д флај или би 
помогнале во случај тоа да е потребно.

Тоа е тоа. Се надевам дека не заборавив нешто.

-- 
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk




More information about the Ossm-members mailing list