[Ossm-members] За иднината на Гном на македонски

Арангел Ангов ufo at linux.net.mk
Fri Dec 16 18:09:41 UTC 2005


Кратко и јасно: Ќе нема Гном на македонски од наредната верзија ако не
се најдат луѓе кои што ќе работат на неговата локализација.

Се чувствувам одговорен да ја известам заедницата на листава дека повеќе
нема да бидам во можност да го оддржувам преводот и дека под итно барам
човек кој што ќе ја продолжи работата. 

Да не биде после, Гном 2.14 не е на македонски, никој не кажал зошто.

Објаив и на блогот мој па еве го текстот и тука:

Поради недостаток на време принуден сум да побарам човек кој што би се
грижел за локализацијата на Гном. Што мислам со тоа „би се грижел“?
Треба некој кој што би ги координирал активностите околу локализацијата,
значи човек кој што би им испраќал пораки на преведувачите два пати во
месецот (или по потреба) за да ги потсети дека имаат нови стрингови за
преведување и да ги прашува до каде е работата. Исто така би требало да
ја прати листата gnome-18n бидејќи на неа пристигнуваат пораки некое
време пред да бидат објавени нови верзии на програмите за Гном, како и
веб страниците со статистика. Јас сеуште би се грижел за некои од
модулите кои што ги преведувам и би ги подигнувал сите преводи во CVS.
Покрај овие работи ќе треба да се оддржуваат и одреден дел од преводите
на модулите. 

Работата не одзема повеќе од три-четири часа неделно.

Само колку да ви стане појасно: Ако не се најде човек, ќе нема Гном на
македонски.

Се надевам дека ќе можам да продолжам да ги бркам овие работи се додека
не се најде некој.

Тоа е тоа.

Ако има луѓе на кои што им значи нешто оваа работа, еве ви шанса да го
дадете вашиот придонес.


-- 
Арангел Ангов
Слободен софтвер Македонија
http://www.slobodensoftver.org.mk
info at slobodensoftver.org.mk




More information about the Ossm-members mailing list