[Ossm-members] Re: mk-thunderbird-1.0
Томислав Марковски
tome at users.ossm.org.mk
Mon Feb 7 07:53:55 UTC 2005
Новица Наков напиша:
> > дава само хиероглифи и со менување на енкодинг од „Поглед“ не
> > реагира,
>
>
> Таа ја најдов и јас и ја поправив. И about е слично заебано ама тоа
> сеуште не отркив каде е заебано. :)
Само да го потврдам истиот проблем (виндоус верзија). Е сега околу
забелешките (ова од прв поглед, понатаму повеќе)
- Прозорецот за „Состави“, првото копче „Испрати“ треба да биде „Прати“;
исто како што е „Сними“, „Закачи“, „Прати“ (Испрати е наредба со
завршено дејство, а пораката не се знае дали ќе биде испратена, но
сигурно ќе биде пратена). Соодветно, папката за Пратени пошти не би била
„Испратени“.
- Зошто на главниот прозорец стои „Пишувај“, а прозорецот за пишување се
вика „Состави“?
- Менито Уреди / Скрати повторно (во прозорецот „Состави“), нели би било
посоодветно да биде „Порамни повторно“ или нешто слично, со оглед на тоа
дека англискиот дел гласи "Rewrap".
- Комобоксот во „Состави“ кај што пишува „Варијабилна ширина“ мислам
дека треба да биде „Променлива ширина“ (значи фиксно и променливо),
помакедонски е :)
- (прозорец Состави) Менито Опции / Скрши под сликите.... „Превиткај го
под сликите“... ор д лајк...
- Главен прозор, Порака / Одговори им на сите (прв пат гледам ваков
превод и супер е)
- Зошто Екстензии не се Додатоци?
- Печати и Исечи ги одлучивме да бидат Отпечати и Отсечи... размисли и
нека дадат други мислење за ова...
Еми толку за сега... каминг сун... стеј тјунд фор мор :)
П.С. OnMouseOver на „Испрати“ ми вика „Испрати ја оваа порака веднаш“...
:) Ај и таму „Прати ја ова.....“
П.П.С. Прозорец со „Прашање за HTML (шит, латиница) пошта“... втора
реченица „Сепак, вие...“.... со големо В
More information about the Ossm-members
mailing list