[Ossm-members] ОССМ известување: Убунту за Македонија

Новица Наков novica at bagra.org
Wed Jan 19 18:29:05 UTC 2005


Како што некои од вас можеби веќе знаат деновиве стигнаа 1000 дискови од 
Убунту кои во наредниов период ќе ги разделиме помеѓу компјутерските 
корисници во земјава. Дисковите додуше сеуште се во царинска процедура, која 
би требало да заврши утре-задутре - освен ако нешто не тргне ептен на лошо 
(валјда нема :)). 

Но, сега зборуваме за тоа како ќе се дистрибуираат дисковите и 2-3 работи што 
ни требаат околу тоа. Идејата секако е дел од дисковите да одат во Скопје, а 
дел во другите делови на земјата. Денеска е среда, така што рокот за да се 
договориме каде, како и колку дискови ќе одат е 7 дена - до другата среда 26 
до 19 часот.

За Скопје: Книжарниците се чинат како најлогичен избор пошто не се дел од 
никаков синџир и нема сто директори, па договорот Убунту дисковите да се 
делат таму на луѓе кои ќе влезат во дуќанот би можел лесно да се направи со 
газдата. Валјда би било многу подобро да има дискови и на места како 
продавницата на Анхоч или Германос во ГТЦ, но ова би било посложена работа. 
Сепак ако некој сака да ја збрка и да договори - слободно. Добро би било и да 
има достапни дискови на ЕТФ и ПМФ (пошто таму има студенти компјутерџии 
нели :)), па ако има некој некаков контакт (или само е-мејл адреса) со 
нивните студентски организации и сл. кажете овде. Други идеи исто така се 
добредојдени.

За другите делови од земјата: можеме да испраќаме дискови до било кој (група 
како Лугола или индивидуа сеедно) доколку тој што нарачува се нафати да си ги 
плати сите поштенски трошоци. Исто така дискови може да одат и до 
Универзитетот во Битола (таму има информатика нешто нели?) и до Штул, но 
повторно потребен е контакт од нивните студенстски организации или некој кој 
би можел организирано да ја заврши работата таму.

Потребните работи (2-3) се: 
- 1000 налепници со димензии на бандерола од цигари (или нешто сосем малку 
поголеми), со логото на Слободен софтвер Македонија и линк и напис „Бесплатен 
примерок“, кои ќе бидат залепени на дисковите. 
- неколку постери А3 формат со некој Убунто artwork и лого на ОССМ, кои би 
стоеле на местата на дистрибуција.

Уште еднаш, други идеи се добредојдени.


-- 
Новица

Fools speak because they have to say something.
Wise speak because they have something to say.



More information about the Ossm-members mailing list