[Ossm-members] ОССМ известување: Убунту за Македонија

Georgi Stanojevski georgis at unet.com.mk
Thu Jan 20 00:31:05 UTC 2005


На 20 јан 2005 (четврток), Новица Наков напиша:

> И сега за факултетите ова е важно: таму треба дисковите да бидат на некое 
> место каде што студентите имаат пристап и каде што некој може да контролира 
> да не бидат земени сите дискови одеднаш од еден или двајца луѓе.

На електро има т.н. интернет читална(со Сузе машини) и е интересно место 
каде би се оставиле дисковите. 
Но, финтата е што пристапот до компјутерите иде преку бибилиотекарките на
шалтер. Нема некој човек што седи таму како во нормално интернет кафе па 
тој/таа да речеме да им ги дели/чува дисковите на заинтересираните 
студенти уз муабет. 

Имаш ли идеја како и во нормалните книжари (Анхоч ГТЦ) би се контролирало
да зимаат дискови само ептен заинтересирани луѓе или еден човек да не ги 
разграба сите дискови?

Ако се остават само дисковите некаде никој нема да ги забележи/земе. Ако се
стават некакви постери кои што кажуваат дека во книжарата има некакви си
гага дискови со интересни опаковки - ќе има ист ефект како некој да застане 
на врата и да дели дискови - сите ќе земат. :)

За овие два/три технички факултети според мене интересен момент би било 
промотивен штанд каде би се делеле дисковите. 
Но луѓето би се филтрирале некако демек:
- Нели не на сите што ќе поминуваат, туку само на оние што ќе застанат.
- Ќе им се даваат дисковни на оние што ќе продолжат со муабетот откога 
ќе го добијат одговорот на првото прашањето - Што е ова?
   
Сеуште немам идеја како би идел муабетот, но на електро до 15 е сесија и
пред тоа нема поента да се прави/оставаат било каде дисковите. :)

-- 
Glisha
The perfect OS, MS-DOS! 
No patches, no root exploits for 21 years.



More information about the Ossm-members mailing list