[Ossm-members] ОССМ известување: Убунту за Македонија

Zlatko Trajceski zlat at bagra.org
Thu Jan 20 02:06:37 UTC 2005


On чет, 2005-01-20 at 01:31 +0100, Georgi Stanojevski wrote:
> На 20 јан 2005 (четврток), Новица Наков напиша:
> 
> > И сега за факултетите ова е важно: таму треба дисковите да бидат на некое 
> > место каде што студентите имаат пристап и каде што некој може да контролира 
> > да не бидат земени сите дискови одеднаш од еден или двајца луѓе.
> 
> На електро има т.н. интернет читална(со Сузе машини) и е интересно место 
> каде би се оставиле дисковите. 
> Но, финтата е што пристапот до компјутерите иде преку бибилиотекарките на
> шалтер. Нема некој човек што седи таму како во нормално интернет кафе па 
> тој/таа да речеме да им ги дели/чува дисковите на заинтересираните 
> студенти уз муабет. 

Немаше компјутери во читалната кога бев последниот пат - ги тргнале - е
сега во читална не сум бил некој месец.


Сега прашање - дали на пунктот би требало да биде отворен секое време
или само во одредено време и дали би требало да има стручно лице кое би
објаснувало ште е Убунту или сл. - како го имате смислено ова?

На ЕТФ пунктот може да биде во бараката каде се сместени студентските
организации (барака 5), но не во секое време има луѓе иако 80% од денот
некој се наоѓа таму (Елфаско се најприсутни). Ако треба да е отоврено
подолго време може и во книжарницата или евентуално на фотокопирот на
ЕТФ - само не знам на каков прием ќе наидеме кај нив.

Инаку може да се стават плакати на ЕТФ на кои би пишувало - Убунту
лунукс во барака 5 - пробајте го и вие! :-)






More information about the Ossm-members mailing list