[Ossm-members] ПРОЕКТОТ "Е- ВЛАДА" ОД ЈУНИ ЌЕ БИДЕ СТВАРНОСТ

Zlatko Trajceski zlat at bagra.org
Fri Jan 21 11:22:31 UTC 2005


Не е ли добро да реагираме на време и да побараме Е-влада проектот да се
придржува на стандарди:

- да може на пр. да се собере информација од владин сајт и со
Мозила/Фајрфокс, а не само со Интернет експлорер (како илустрација -
пробајте да го разгледате сајтот www.etf.edu.mk со Мозила, поточно
главните врски горе - ужасен хендикеп)

- документите да не бидат само во .doc формат.


Неќам со државни пари да бидеме заклучени на една технологија понудена
од само една фирма.


http://217.16.70.236/?pBroj=2663&stID=47470


ПРОЕКТОТ "Е- ВЛАДА" ОД ЈУНИ ЌЕ БИДЕ СТВАРНОСТ
За пасоши и лични карти ќе се закажува по Интернет


Освен граѓаните, придобивките од договорот со Владата, наскоро ќе ги
почувствуваат и бизнисмените, порача Илијанчо Гаговски од "Мајкрософт"

Граѓаните веќе нема да чекаат во редици за да извадат пасоши и лични
карти. Од јуни годинава најавата за средба во канцелариите на МВР,
граѓаните ќе можат да ја завршат едноставно, од своите домашни
компјутери. Ова е само дел од новините и практичните олеснувања што се
воведуваат со проектите за електронски јавни услуги. 

Пасошите и личните карти ќе бидат првите јавни услуги што ќе се
резервираат по електронски пат, а подоцна во системот треба да се
вклучат и Владата и Собранието. Ова го најави претседателот на владината
Комисија за информатичка технологија, Јани Макрадули, на вчерашниот
семинар "Решенија за владите на 21 век", кој го организираа "Хјулит
Пакард" и "Мајкрософт". 

Проектите се дел од стратегискиот Договор за партнерство помеѓу Владата
и "Мајкрософт". Првиот проект предвидува електронско закажување термин
само при постапката за вадење пасош и лична карта. 

- Многу скоро ќе се спроведат и проектите за е-владини услуги и е-
маркет. Првиот предвидува можност граѓаните да се информираат за
услугите што ги нуди Владата преку "Интернет", а вториот е наменет за
подобрување на конкурентноста на домашната деловна сфера. Во наредните
неколку месеци ќе се реализира и проектот за електронско поврзување на
Владата и Собранието, кој треба да ја намали употребата на хартија во
интерната комуникација - вели Илијанчо Гаговски, генерален менаџер на
"Мајкрософт" во Македонија.

- Македонија постигна голем напредок во примената на ИТ-технологиите.
Особено ме изненади тоа што државата веќе има и стратегија за развој во
наредните три до пет години - рече Хелене Белндорфер од "Хјулит
Пакард". 

Според неа, Македонија се доближува до светските програми од таа област,
што ќе придонесе да се подобри работата на државните органи и воопшто да
се исполнат стандардите на Европската Унија.




More information about the Ossm-members mailing list