[Ossm-members] Re: Ossm-members Digest, Vol 16, Issue 28

Jovan Petrov jpetrov at gmail.com
Tue Jan 25 11:28:33 UTC 2005


Благодарам Новица,

Mојот e-mail е: jpetrov at gmail.com

Слободно контактирајте ме и предлагајте. Многу скоро ќе ги објавам
предлог-документите на јавен пристап..

Што се однесува до стратегијата и слободниот софтвер - со оглед на тоа
дека Мајкрософт е стратешки партнер верувам дека и вие претпоставувате
дека полето околу имплементација на слободен софтвер во националната
државна администрација не е толку реален. Но никој не рече дека
локалните самоуправи не можат да одлучат некоја друга платформа. Во
моментов се имплементира таков проект во 8 општини но за очекување е
дека во скора иднина истиот процес но со тие / други донатори ќе се
прошири на скоро сите општини во РМ. Со сигурност можам да потврдам
дека во Гевгелија има пилот проект кој вклучува слободен софтвер.
Најискрено недостатокот на консултантски компании кои нудат комплетни
GNU/BSD енд-ту-енд решенија малку ја отежнува ситуацијата на таа тема.
Сето ова е мое лично мислење - ни повеќе ни помалку од тоа.

Е сега мислам дека просторот треба да се опфати на многу поинаков
начин. Крајните корисници - граѓаните и особено малите бизниси кои ќе
бидат под притисок на БСА да се ослободат од пиратскиот софтвер како и
генерално отворените формати на документи. Уште повеќе - мислам дека
многу поедноставно е да се „продадат" Firefox, Thunderbird, следната
верзија на OpenOffice, Gimp на луѓето кои природно се привикнати на MS
атмосферата отколку да се очекува дека наеднаш ќе ги променат сите
навики (вклучувајќи го и Старт копчето). Навиките, особено на
Балканот, најтешко се менуваат. Но фактот дека OpenOffice и Gimp се
некои илјада долари поевтини од нивните комерцијални конкуренти е
многу убедлива причина. Потребно е да се спроведе демократијата на
избор на платформите во самата стратегија како во школите така и во
било која друга јавна институција, обука или кампања. Исто така
претпоставувам дека Мајкрософт може да донира софтвер за овие намени
па политиката на демократија на избор е единствен реален аргумент - се
губи лесно поентата со цената.

Се извинувам што се раширив на оваа тема. Со еден збор сакам да кажам
дека е можно да се направи нешто. Не толку многу колку што некои
сакаат. ;) Партнерството на НВО со власта и бизнис секторот дава многу
подобри резултати од чистата конфронтација. Нели не по секоја цена но
дефинитивно не и бескомпромисно. Во НВО сектор сум од времето кога бев
втора година на ЕТФ - тоа е пред едно 9 години па можам да кажам дека
имам реално искуство за НВО активизам. Впрочем самото вклучување во
стратегијата на НВО значи една од највисоките форми на залагање
(advocacy). Сметам дека сите вклучувајќи ја и Вашата НВО можат да
придонесат на квалитетот на документот а со тоа и на квалитетот на
живот во следните 3-5 години.

Поздрав

Јован Петров


More information about the Ossm-members mailing list